Алексндра искрено прозборе и за љубовта со нејзинот сопруг Сашо Мијалков, таа откри дека Сашо бил голем џентламент кон неа и раскажа интересна приказна

Објавил: Валерија Петрова | 17 септември, 2019 13:33

САНДРА МИЈАЛКОВА ОТКРИВА: Сашо е голем романтичар – ЦРВЕН ПЛИК СЛЕТА НА СЦЕНА

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Преубавата примабалерина Александра Мијалкова таа последнава година беше актелна со баетската престава „Либертанго“, која се играше во МОБ за која вели дека помина одлично.

Талентот за балет го наследила од својата мајка Смилга Георгиевска, на 9-годишна возраст почнала да игра на балет.

-Замисли, моите другарки една година пред мене тргнаа. Многу плачев, но мајка ми сметаше дека треба да тргнам една година подоцна. И ми рече, ако те бидува, ќе играш, ако не, немам намера да дозволам да играш во последните редови“, искрена е Сандра. И додава:„Подоцна кога ги добивав главните улоги, мајка ми и татко ми, секогаш ми велеа, дека успехот после добро одиграната претстава, да го прифтам нормално и да не летам во облаци дека сум ѕвезда. Јас сум многу самокритична како човек, секогаш мислам дека може подобро, а тоа всушност мислам дека е добро за нашата работа, зашто води кон напредување. Ако мислиш дека си најдобар, најубав и најпаметен, ќе стагнираш. Успехот и неуспехот треба нормално да ги доживуваш и да знаеш да се носиш во секоја ситуација“, вели таа во едно поодамнешно интервју за Репортер.

Алексндра искрено прозборе и за љубовта со нејзинот сопруг Сашо Мијалков, таа откри дека Сашо бил голем џентламент кон неа и раскажа интересна приказна

Љубовната приказна им започнала во кафулето „Рома“ во Мавровка.

„Нам кафулето ни беше карши театарот и многу често одевме таму после пробите, а и таму имаше добро италијанско кафе, како ретко каде во градот. Таму најчесто се гледавме и се засвиѓавме. Тој имаше уште тогаш бизнис во Прага, Чешка а воедно и студираше, па ќе се случеше еден месец да го нема во кафулето, а јас го чекав да дојде. Подоцна започнавме врска, а по две години, се зедовме кога се роди и синот Јордан“, раскажува Мијалкова за тоа кога почнала љубовта со осум години постариот сопруг.

На шега вели дека морало да го почека да дипломира, па да ја направат свадбата, која била во тогашниот хотел „Грант“, денешен „Холидеј ин“.

„Тоа беше навистина весела свадба. Многу се играше, особено што имаше многу балерини, па некако навистина беше многу весело“, раскажува примабалерината.

Интересна е приказната за црвениот плик што го добила од Сашо, кој тогаш ѝ бил дечко, на првата премиера кога имала 18 години. „Бевме веќе во врска со Сашо. Јас првпат добив главната улога на девојката во „Епот за Гилгамеш“. Тој не беше во Скопје, туку во Прага. Се слушавме тогаш на обични телефони, бидејќи мобилни немаше памтам, а тој секако знаеше дека имам премиера. Кога заврши премиерата, јас на сцената, покрај цвеќето добив плик, но од возбуда не му обрнав внимание. Кога се качив во гардероба го отворив, гледам телеграма од Сашо, ми ја честита премиерата. Многу бев среќна, зашто организирал и темпирал на сцена да го добијам. Од секогаш знаел како треба со жената и навистина е голем романтичар“, раскажува Сандра. И додава дека нејзиниот сопруг ужива во класичниот балет.

Сандра и Сашо ги имаа своите два сина Јордан и Александар кои исто така уживаат во балетот како уметност. И исто така открива дека тројцата мажи во нејзиниот животот добро ја чуваат и внимаваат на неа.

Александра Мијалкова со синот Александра на роденденска прослава

Таа како и секоја мајка ужива во својите обрвски кон своите деца но и знае добро да се забавува.

Александра сподели фотографија од неа и нејзиниот син Александар кој славеше роденден во еден скопски локал. Таа ги собра сите комплименти за нејзиниот изглед.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Живот

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош.

Хари од Хонгконг: Ве молам за помош ја барам девојката што ја запознав во Охрид!!!!!

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners...

Вариететот на мед продуциран од медоносните пчели (од родот Apis) е најпознат поради неговото глобално комерцијално производство и употреба.

МЕД ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ: Како влијае овој моќен лек на вашиот организам?

Најголемото количество на мед се користи во исхраната како високо калорична храна...

Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Започнува зимско сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките на часовникот за еден час понапред!

Ноќта меѓу сабота и недела, односно меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на...