(Видео) -На синојќешниот концерт Ковачевиќ го промовираше својот најскап спот и песна

Објавил: Сања Кукиќ | 7 април, 2019 13:40

Саша Ковачевиќ ги ,,збесна” девојките во ВИП Арената

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Саша Ковачевиќ крена температура, илјадници жени полудеа по пејачот. Редовно, ѕвездите од соседството ги полнат нашите сали но и своите џебови!

Со овации и со вресоци беше пречекан Саша Ковачевиќ, на концертот во ВИП Арената во Скопје. Главно женската публика своите телефони ги имаше подготвено уште пред српскиот пејач да се појави на сцената, за да не пропушти да сними ниту еден детаљ од настапот на својот миленик за социјалните мрежи.

Девојките, очекувано полудеа по Саша, а тој им возвраќаше со познатата изрека на Тоше Проески: Ве сакам сите. „Не сум бил овде три години. Ајде да ја повториме таа журка од последниот концерт. Да биде уште подобра“, рече пејачот.

Најголемата турканица се создаде во првите редови. Обожавателките, обидувајќи се да го допрат, му ги довикуваат стиховите од хитот „Живим да те волим“ 

Обожавателките, обидувајќи се да го допрат, му ги довикуваат стиховите од хитотовите. Ковачевиќ ја испеа и новата песна насловена „Преварена“, а на крајот од песната зачуден од фактот дека публиката за кратко време го научила текстот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Веднаш штом Љуба излезе на сцената, искажа големa благодарност и восхитување до неговиот најголем идол Сaшa Ковачевиќ.

Малиот Љуба(6) ја дигна на нозе арената „Борис Трајковски„ на концертот на Саша Ковачевиќ !

Нa концертот нa Сaшa Ковaчевиќ пред два дена, гостин беше 6-годишниот Љубa Стaнковиќ кој...