Сашо Василевски, довчерашниот директор на МЕПСО, како резултат на блискоста со обвинителката Катица Јанева, си ја вработил ќерката во СЈО. Имено, неговата ќерка Марија Василевска, дипломиран правник, почнала на работа во СЈО во декември 2017 година, за солидна плата од 49.000 денари. И тоа не е се. Исто така и внукот на сашо Василевски, извесен Илче Србиновски од Ресен, се вработил во СЈО како помлад соработник, како резултат на личната блискост меѓу Сашо и Катица. Вчера порталот А1-он откри дека Василевски исто така се стекнал со сопственост на 110 квадратен стан во Скопје, за багателна цена од 80.000 евра, а како резултат на многу сомнителна постапка од обвинителката Јанева, која потпишала налог да се замрзне целиот имот на фирмата “Бентон“ од Гевгелија (која била под истрага), освен предметниот стан, кој намерно го изоставила.
Во последните 5 години од владата на Никола Груевски, Сашо Василевски беше член на Советот на јавни обвинители, а претходно беше заменик министер за правда, по предлог на коалициониот партнер НСДП. Дел од јавноста смета дека Василевски како член на Советот на Јавни обвинители имал блиска соработка со Заев и Јанева во врска со прислушкуваните материјали и превземањето на битни предмети во надлежност на СЈО, а за таквите услуги од Василевски многу му била благодарна Катица Јанева, која потоа била клучниот линк за Василевски да добива високи позиции од Заев, но и добри можности за вработување на неговите најблиски роднини. Но, тоа не било исклучок во СЈО, туку веќе востановена пракса. На пример, и девојката на синот на Катица Јанева, онаа кај која беше пронајден наводно изгубениот телефон на обвинителката во скандалот “Рекет“, исто така била вработена во СЈО од страна на нејзината идна свекрва.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.