Бирото за јавни набавки објави дека СГС склучил договор од 7 милиони денари, со Археолошкиот музеј на крајот на минатата 2018 година, за обезбедување на имоти и археолошки предмети.

Објавил: Перо Милчин | 17 јануари, 2019 16:36

Сашо Мијалков доби „нов тендер„ од 7 милиони денари

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бирото за јавни набавки објави податоци, дека СГС склучил договор од 7 милиони денари со Археолошкиот музеј на крајот на минатата 2018 година, за обезбедување во период од една година на имоти и археолошки предмети, откако таа компанија се јавила како единствен понудувач на тендерската постапка.

Зоран Заев премиерот на Република Македонија како опозициски лидер, објави прислушувани разговори и како еден од клучните луѓе во агенцијата за обезбедување се консултира и прима наредби беше Мијалков, кој во тоа време демантираше дека стои зад оваа компанија.

Истата компанија во половината на минатата година добила уште неколку тендери за обезбедување, како на пример, од Агенцијата за електронски комуникации во износ од 17,5 милиони денари, од Општина Аеродром во износ од 4 милиони денари, од Фондот за холокаустот на Евреите од износ 1,5 милиони денари итн.

СЈО против Мијалков покрена повеќе обвиненија и на барање од Специјалното јавно обвинителство заврши во притвор, но на барање на обвинителството, судот му ја замени оваа мерка во куќен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...