Македонија
Вести
Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред мишелин ресторанот „Луј 15“, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.
Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може да биде од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува во ресторанот.
И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно, во Македонија успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.
Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.