Мијалков пред почетокот на ЦК од бројни членови и пратеници беше посочен како можен иницијатор за поддршката од 7 пратеници на ВМРО - ДПМНЕ за уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 октомври, 2018 22:09

Сашо Мијалков исклучен од ВМРО – ДПМНЕ!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот висок функционер во ВМРО – ДПМНЕ, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, на вечерашниот Централен Комитет е разрешен од партијата.

Сашо Мијалков (Скопје, 15 септември 1965) e македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година.

Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година станал член на ВМРО – ДПМНЕ.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија.

Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести