Мијалков предходно го промени своето жителство од Скопје со Струга заради подобрите услови од истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

Објавил: Перо Милчин | 22 август, 2022 16:43

Сашо Мијалков се пријавил во затворот во Струга

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сашо Мијалков се пријавил во затворот во Струга!

Според информациите на Телма, екс директорот на УБК Сашо Мијалков ја испочитувал судската покана за издржување на затворската казна од 3 години откако склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и денеска после 14 часот се пријавил во отворениот затвор во Струга.

Мијалков предходно го промени своето жителство од Скопје со Струга заради подобрите услови од истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

Тој пред три недели побара и доби одложување на затворската казна поради здравствени причини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести