Актерот Сашо Тасевски кој ја извршуваше функцијата в.д. директор на Драмскиот театар повторно распали на Фејсбук со статус упатен до власта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 14:05

Сашо Тасевски распали на Фејсбук: Џабе метла, ако не ги ИЗМЕТете сите соби со тоалетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Сашо Тасевски кој ја извршуваше функцијата в.д. директор на Драмскиот театар повторно распали на Фејсбук со статус упатен до власта.

Сашо Тасевски со Фејсбук статус до власта

Знам, редовно ме читаат цензорскине служби во власта, некогашни твитерџии, кои порано ме тапкаа по рамо: Еј браво како ги зашлапа груевци со текстон. Гледам веќе не ме тапкаат и се затуфкав. После сфатив дека они од тоа што ме читаат не разбрале ништо, а за тоа сум јас виновен. Не забележав дека цело време сум пишувал на кинески. На мандарински кинески. Кога видов, дамла ме удри. Леле ги измачив луѓето две години. Добро тогаш, дај одма да пишам на македонски, нема смисла. Џабе метла, ако не ги ИЗМЕТете сите соби со тоалетот. Ни по баби ни по вујковци. ДУИ дваесет години го гради својот паралелен свет, бинационална федерализирана држава. И сите вие као мутави, а може мутави и сте, вие и сите претходни власти тоа го гледате молкум, зашто ве ставија во џеб. При тоа нивно грабање на државата, ќе земат многу нешта кои не се за давање. А бе и децата ќе ви ги земат. И македонски и албански. Некои ќе заминат на време, некои ќе се испотепаат во одбрана на нешто што нема да може да се брани. Сме го гледале тој филм. Се викаше Распадот на Југославија. Можат да лажат Норвежани и Данци дека границите на Балканот се неменливи, али не можат да не лажат нас кои видовме дека се менуваат преку ноќ. Бевме сведоци на тоа. Кога критикувам, критикувам зашто многу ќе страдаат од вашето политички коректно слепило. Дајте им дознаење на Талат анд компани дека не можат да прават што им прдне. НАТО не е никаква гаранција за мир, за она што ќе следи. Они на крај ќе дојдат само со нова мапа и ќе ни речат да се потпишеме под неа. Толку. Ова се надевам ќе го разберете, не е на кинески, напиша Тасевски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...