Секоја една генерација се стреми да ја надмине претходната и затоа кај нас има прогрес, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во воведното обраќање на 17-тиот редовен Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 декември, 2021 14:01

Сајкоски: Македонија е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ со надеж за промени и подобра иднина

Фото/Текст извор: ©магазин

Очите на Македонија се свртени кон ВМРО-ДПМНЕ со надеж за промени и подобра иднина. Ние таа надеж кај луѓето не смееме да ја изневериме и ќе ја оправдаме. Од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се очекува многу, но и даваме многу. ВМРО-ДПМНЕ е активен чинител и создавач во Македонија цели 30 години, но суштината на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што константно се подобрува, менува и приспособува на новото време, со цел добробит на татковината. 

Секоја една генерација се стреми да ја надмине претходната и затоа кај нас има прогрес, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во воведното обраќање на 17-тиот редовен Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ под водство на претседателот Христијан Мицкоски на овие локални избори ја извојува најголемата победа од опозиција што било која политичка партија ја имала на локални избори од осамостојувањето до денес.

 ВМРО-ДПМНЕ победи во над 40 општини со над 100.000 гласа разлика и тоа за само 4 години, кои беа проткаени со шиканирање на секој еден од вас, преместување и бркање од работни места, уништување на судбини, предизвици и силни удари за партијата и за државата, замрзнат имот, постојани оцрнувања. Но, издржавме и успеавме  да кренеме глава и да го охрабриме народот. Овие 4 години не беа лесни, тоа беа години на тежок режим кој навлезе во секоја една пора од општеството. Низ сиве овие премрежја не водеше еден човек, кој не изгуби верба и не водеше низ сите битки, не изведе во победи и заедно со сите нас трасираше пат, имаше енергија да го преточи сонот на секој еден од нас во реалност, потенцираше Сајкоски.

Сајкоски истакна дека на Македонија и се потребни брзи чекори напред, а тоа е можно само со чесни и честити политичари, со луѓе кои политиката не им е средство за богатење, туку средство за помош на сопствениот народ.

Мораме да демонстрираме одговорност, да ги менуваме нештата, да ја менуваме сликата за македонската политика, да започнат промените, да се излее енергијата на слободниот дух на интелигенцијата.  Времето пред нас бара многу работа, посветеност и жртва. Јас сум убеден дека Претседателот Христијан Мицкоски сето тоа, но и многу повеќе ќе го даде на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, изјави Сајкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ!

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Огромна...

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците! Во Клубот на пратениците...

„Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат

Мицкоски пред почетокот на собирот пред Владата: Македонскиот идентитет пред и над сѐ

Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на сенародниот...

Модератори на Отвореното студио се: Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски портпарол и Наум Стоилковски портпарол.

ВМРО-ДПМНЕ го почна протестот со отворено студио од пред владата

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, попладнево го почна протестот под мотото „Премногу...