ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните за само 8 дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа.

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 март, 2021 12:54

Сајкоски: Над 100.000 граѓани за 24 часа, одлучија – НЕ сакаат политички попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интегрален текст од прес конференција – Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните за само 8 дена собра 100.000 потписи за нешто помалку од вкупно 24 часа.

И покрај бројните опструкции од власта, само 24 часа во 8 дена 100.000 граѓани го дадоа својот потпис за вистински и европски попис, спротивен на оној кој сака  да го организира власта на насилен начин, со политичка цел.

Граѓаните одлучија, не сакаат политички попис, сакаат попис како статистичка операција, што точно ќе може да ја насочи Република Македонија во која насока да се развива, рече тој!

Од самиот почеток власта беше исплашена знаејќи дека спроведува попис спротивно од барањата и заложбите на граѓаните и токму затоа и ни ја отфрлија иницијативата за поништување на законот за попис.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ преку своите 44 пратеници, поддржана од над 100.000 граѓани ќе поднесе пратеничка иницијатива за поништување на законот за попис.

Граѓаните и Република Македонија заслужуваат европски попис како статистичка операција, колку и тоа да и смета на власта.

Оваа власт чиј носител е СДСМ е на самиот крај и оваа поддршка од над 100.000 граѓани за кус период е само почеток на крајот на оваа Влада.

Уште еднаш, Ви благодариме за поддршката, истакна Сајкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

АПАСИЕВ НАЈАВИ ПРИЈАВИ ЗА БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ АКО ДОЈДАТ ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ НА СЕДНИЦА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека...

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Николоски на конференција со ЕУ пратеници – Бугарија веднаш да го тргне ветото и да престане со условувањата

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на...

Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања.

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175...