На рочиштето за „Рекет“ сведочеше и возачот на прво осомниченот Бојан Јовановски и тврди дека често го возел до зградата на СЈО.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 4 март, 2020 15:52

СВЕДОК ОД РЕКЕТ: Боки 13 беше редовен посетител на СЈО

Фото/Текст извор: ©pressingtv, нова македонија

Уште еден сведок во случајот „Рекет“ кој на денешното рочиште делумно ја потврди блиската врска која Бојан Јовановски ја имал со СЈО. Имено возачот на првиот одомничен, на денешното сведочење изјавил дека имал прилика често да го вози Боки 13 го зградата на СЈО. 

Други детаљи од поводот или средбите на Бојан Јовановски, возачот не изнел поради специфичниот опис на работно место. Во својата изјава открил дека еднаш го носел до зградата на СЈО заедно со Гордана Дувњак, а со него бил и до Владата, МВР, УЈП. Додека Бојан Јовановски бил внатре во зградата, возачот го чекал на паркинг и поради тоа нема увид со кој Бојан Јовановски се среќавал во зградите на СЈО и Влада и кој бил поводот за неговата посета. 

Листа на сведоци на одбраната постојано се менува

На вчерашното и денешното рочиште за „Рекет“ беа повикувани сведоци предложени од одбраната. Осомниченот – Бојан Јовановски на списокот на одбрана има наведено 9 сведоци, а обвинетата Катица Јанева има предложено 13 сведоци. 

На вчерашното рочиште биле сослушани 3 сведоци на одбараната на Бојан Јовановски, меѓу кои Сергеј Варошлија,  сопственичката на продавница за оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов. 

Од листата на сведоци одбраната вчера ги повлекла  бизнисменот и поранешен градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, – Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.

Случајот именуван како „Рекет“ се води врз база на обвинение против Бојан Јовановски за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание и против Катица Јанева за злоупотреба на службена должност и овластувања. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оставена на милост и немилост Виолета вели дека мора да се снаоѓа сама, и да функционира без лекот кој и е неопходен. Вели и покрај тоа што министерот за здравство вели дека нема недостиг на лекови во државата, и дека се спремни за моменталната ситуација со Коронавирусот, сепак таа во секоја аптека го добива истиот одговор: Лекови нема!

РЕВОЛТИРАНА СКОПЈАНКА: Стравувам за својот живот, лековите кои ги користам ги нема во аптеките, сите залихи се на инфективно за лечење на пациентите заболени од Коронавирус!

Револтирана 65 годишна скопјанка која боледува од автоимуни заболувања за Магазин.мк...

Османи кој беше министер за здравство во периодот на пандемијата со свински грип истакна дека, по овој основ го советувал министерот Филипче. Османи кажа дека првата работа што му ја посочил на Филипче што сега треба да ја направат, како мала држава, е да се поврзат со големите држави, за во моментот кога ќе излезе вакцината, да може да ја купиме заедно.

Османи се сомнева во бројката на заболени од коронавирус: Сигурен сум дека бројот е поголем од 570!

Поранешниот министер за здравство и актуелен вицепремиер за европски прашања, Бујар...

Ова писмо е посветено на луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија која одзема животи. Го пишувам поради мојата желба, морална совест, но пред се обврска, како човек да упатам јавна багодарност до секој еден од вас кој се жртвува себе си, својот живот и судбината на своите семејства за да ги спасите нашите животи и животите на нашите семејства.

Мицкоски изрази благодарност до здравствените работници: Вашиот деноноќен труд спасува животи!

Претседателот на најголемата политичка партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...