Тие објаснуваат како незаконски се издавале македонски државјани и лични карти за ѓраѓани од Косово, од Пустец и Гора.

Објавил: Валерија Петрова | 8 ноември, 2019 16:07

Сведоците во „Титаник“: Сликавме лица од Косово за лични карти во Центар

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Неколкумина вработени на МВР денеска сведочеа во судницата за случајот „Титаник“.

Тие објаснуваат како незаконски се издавале македонски државјани и лични карти за ѓраѓани од Косово, од Пустец и Гора.

Емес Али во сведочењето рече дека се до крајот на 2012 година се работело според закон, по што од надредената, Оливера Димчева, почнал да добива барања за фотографирања за лични карти во кои немало решението за жителство, за што му било кажано дека треба да се одобрат, а потоа ќе бидат доставени документите кои недостасуваат.

-Првите барања за лични карти беа од Гора и од областа Пустец, кои добиваа лични карти од општина Центар. Готовите лични карти му ги давав на Мунир Пепиќ, а тој се потпишуваше на обрасците, дополни сведокот.

За исто искуство сведочење и Феркус Али, кој посочи дека задачите ги добивал од Димчева, а Пепиќ кај него донел „двајца-тројца со барања за лична карта“.

-Во системот видов дека се од дијаспората, односно живеат во странство. Му реков дека им треба постапка за жителство за Град Скопје. Тој ми рече дека е договорено со началничката Јадранка Гулевска вака да се примаат. И се јавив на Димчева, а таа ми рече дека началничката и рекла само да се примат барањата и да ја барам Гулевска. Кога и се јавив ми рече дека е договорено со МВР и така е одлучено, а документацијата ќе се доставела отпосле. Ми рече: ‘Јас стојам зад оваа работа, не се секирај‘. Ми посочи и трите барања да се стават во посебен плик, рече сведокот.

Тој натаму кажа дека на почетокот на 2013 година се носеле луѓе од Косово, а потоа помасовно од Пустец, Албанија, а имало и тројца од Гази Баба, за, како што рече, да се сликаат за лични карти од Центар.

На прашањето на обвинителката Лиле Стефанова колку лични карти се изработиле на овој начин, сведокот не можеше да каже прецизна бројка, но според негова проценка биле 500 до 600 лица.

Виолета Димитриевска која порано работела во МВР во одделението за добивање на матични броеви и државјанства, зборуваше за тоа како се издавале државјанства и лични карти и без лично присуство на луѓето, а во нивно име тоа го правел еден претставник, со образложение дека луѓето се сиромашни и не може да дојдат да си ги подигнат лично. Таа рече дека за такво нешто ја известил сега обвинетиот Мунир Пепиќ, а наредба имало од највисоките кругови. Таквото групно организирано примање на барања за документи траело од април 2014 до април 2015.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Тој доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот со земање мито.

Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство

Собранието на денешната 120-та седница со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арменд...

На самитот Ѓоргиевска, како што соопшти Кабинетот на претседателот, говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие“.

Првата дама се обрати на Најроби Самитот: „Верувам во еднаквост на сите луѓе и на сите жени“

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби,...

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го...