Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром?

Објавил: Перо Милчин | 7 јули, 2019 16:47

Сведочење на патник во авионот кој не успеа да слета во Скопје – ПИШТЕЊЕ, МОЛИТВИ И ПЛАЧ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вкупно пет неуспешни обиди имал авионот кој се обраќал на релација Истанбул-Скопје, да слета на скопскиот аеродром.

Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремено, дознава „Скопје1.мк“.

Патниците биле вознемирени, во авионот настанала паника и вриштење. Авионот бил на превозникот „Туркиш ерлајнс“, а во него, дел од македонската делегација која учествуваше на конференцијата на УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно, сведочи еден од патниците за „Скопје1.мк“.

„Пиштење, молитви, плач! Тоа се слушаше во авионот кој точно пет пати направи обид да слета на аеродромот во Скопје, но не успеа. Се тресеше целиот авион, деца плачеа, а потоа почнаа да плачат и возрасните. Траорно и ужасно беше, а патниците гласно викаа и прашуваа зошто се случува сето ова и зошто не слета авионот во Охрид“, вели патник во авионот.

Доколку невремето било главен проблем да авионот не слета во Скопје, се поставува прашањето, зошто не бил пренасочен да слета на охридскиот аеродром?

Јавноста легитимно бара одговор, дали е безбедно македонското небо?

Зошто се дозволило авионот да врти наоколу и да ја загрозува безбедноста на патниците, кога праксата од изминатите години покажува дека кога не може во Скопје, авионите слетуваат во Охрид?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Одложена културно-сценска манифестација „Галичка свадба“

Соочени со предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен...

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН – Празник за лекување болести и за добивање потомство

Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден). Пророк кој оди пред Спасителот! Меѓу...

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Во петок го славиме светецот кој имал моќ да лекува и за време на животот и по смртта

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу...