Невиден скандал

Објавил: Сара Фемина | 13 септември, 2021 13:22

Сведоштво: Во тетовскиот ковид-центар ми бараа пари за нега на брат ми

Фото/Текст извор: ©dw

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар,раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу. 

„Секој пациент имаше придружник“ 

Тој живеел во Италија заедно со таткото и неподвижниот брат. Тие летово дошле во куќата во селото Синичане на годишен одмор, но се заразиле со коронавирус. Откако минале низ вистинска одисеја за воопшто да бидат примени во болница, и Ибин Емшиу морал да допатува во земјата за да се грижи за нив.

Во модуларната болница не бил единствениот кој се грижел за своите најблиски. Вели дека речиси секој пациент имал по некој близок до него и тоа деноноќно.
„Не знам точно колку луѓе бевме внатре. Тој објект беше полн со придружници, кои спиеја таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно”.  

Во разговор за ДВ, Емшиу раскажува дека во недостаток на противпожарни апарати,огнот го гаселе со пластични садови за вода. 

Противпожарниот систем не мора да биде како во Европа, но да имаше барем апарат со прашина за да го изгаснеме пожарот, ни тоа го немаше. Се обидувавме да го гасиме пожарот со некои  пластични садови со вода“, раскажува Емшиу. Тој се обидел да им помогне на своите најблиски, но не успеал ни да стигне до нив затоа што пожарот со молскавична брзина се ширел низ болницата. Забележал дека пожарот започнал под креветот на пациент во собата број 3, и бил придружен со црн чад кој брзо се ширел низ просториите. 

Nord-Mazedonien | Krankenhausbrand

Емшиу забележал дека пожарот започнал во собата број 3, а оттаму молскавично се прошил низ болницата.

Кога влегов во собата број 3 видов дека има пожар под креветот, и почна да чади, а потоа нешто експлодираше и тоа предизвика уште поголем чад.” 
Емшиу вели дека два дена пред несреќата, еден од докторите им рекол дека модуларната болница ќе се затвора, но не ја знае причината за тоа. 

Закани по живот 

Во Министерството за здравство за ДВ рекоа дека до нив никогаш не стигнала информација за можно затворање на тетовскиот ковид-центар, ниту слушнале за таков план. Оваа информација не можевме да ја потврдиме ниту кај надлежните во болницата. Оттаму, до објавувањето на овој текст, не одговорија ниту на нашите прашања во врска со обвинувањата на Емшиу: дека вработените „им наплаќале“ на болните за негата која ја добивале, и дека во центарот немало никаква противпожарна заштита.

Nordmazedonien | Krankenhausbrand in Tetovo | Ibin Emshiu

„Три лица досега ми се заканија: да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат!“, тврди Емшиу.

Додека трае молкот на надлежните во болницата, Емшиу тврди дека се соочува со закани по својот живот поради тоа што отворено говори за проблемите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини, додавајќи дека се виде капацитетот на власта во однос на реализација на проекти, афери, скандали и лоша економска политика.

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини

Во вчерашното гостување во Тема на денот во Централниот дневник на Сител поранешниот...

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во љубовна врска. Алачки беше во брак со пејачката Адријана, со која имаат две деца

Алачки постана политичар: Од хармоникаш до желба за градоначалник на Берово

Познатиот хармоникаш Горан Алачки ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово...

„Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува сигурен со Заев“, вели Николоски.

Николоски: Оставки во оваа влада ќе нема тие се мафија, ама ќе паднат по изборите

Ќе бев изненаден да си заминеше од функцијата, навистина, Венко Филипче, тој стана моторџија...

Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

СИМОВСКИ ЗА ТВ 24: НИКАКОВ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ НЕ ВРШЕШЕ ПРИТИСОК ВРЗ НАС КАКО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПОПИСОТ

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа...