Тој во разговорот вели и дека директорката им давала договори за работа откако ќе помине месецот и дека К-15 за претходната година им исплатила само 2.000 денари.

Редакцијата на ОХРИД 24 поседува аудиоснимка од разговорот во која Мустафоски вели дека стои целосно зад кажаното.

Објавил: Сара Фемина | 21 мај, 2021 5:28

(СВЕДОШТВО) Мухарем Мустафоски: Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Охрид ме избрка од работа затоа што одбив тешка физичка работа поради здравствен проблем

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/охрид 24

Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Охрид, Гордана Јованоска, ме избрка од работа затоа што одбив тешка физичка работа поради здравствен проблем кој не ми дозволува да извршувам таква работа, вели Мухарем Мустафоски во разговорот за ОХРИД 24.

Тој во разговорот коj го водеше со порталот Охрид 24, телефонски, хронолошки објаснува како дошло до неговото бркање.

„На 12 април ме избркаа, а во четвртокот на 8 се донесе решение дека 5 луѓе треба да ги напуштат паркинзите и да одат на физички работи во поранешната касарна. Меѓу нив бев и јас, по што му кажав на господинот кој што ни е шеф на смена дека не сум способен, тој рече да му се обратам на раководителот. Јас му се јавив на раководителот и му кажав да најде некој начин бидејќи јас не можам да работам тешка физичка работа и да не направиме поголем проблем. Ми рече добро, ќе се слушнам со Гордана и ќе ти се јавам. Ми се јави неделата вечерта во 22 часот, правев муабет со Гордана ми рече оди таму колку што можеш работи. Јас понеделникот отидов директно во касарната, кога стигнав беше 7.45 часот, чекаше уште еден колега, и после 1 час дојдоа и другите, се собравме 6-7 луѓе. Имаше двајца постари од стадион и ние 4-5 што сме од паркинзи. Јас му кажав дека не можам да работам тешка работа, ме видоа дека сум потечен тренерките ми беа потесни и се познаваше. Тие двајцата ми рекоа ти ќе дојдеш со нас да се измери ова со конец, со пипс да се испрска на секои два метри да видиме колку дупки да се ископаат за да се огради игралиштето, а другите каде што е котларата кај касарната има жбуној од трева и трње што се високи по неколку метра, железа што биле фрлани да се ископат, да се исчистит, и материјалот што може да се искористи за градење да се тргне настрана. И почнавме, работиме кој колку што може, дојде директорката и што сте вакви праша. На времево му одговоривме ние. Се тргна оттука отиде со постарите разговараа и околу 14.20 часот дојде директно кај мене, ми вика ти што не работиш. Јас и одговорив директорке ви кажав и на раководителот го известив дека имам здравствен проблем и дека не можам да извршувам тешка физичка работа. Таа ми врати, ако не можиш оди на боледување. Добро ќе одам на боледување, ама што е работава толку за мене, јас ве известив, му кажав на раководителот тој да ве информира вас. Кога почна да ми вика. Јас и реков добро не сте задоволни од мене што се копав додека можев, во моментов здравствено не можам, а не од што не сакам. Таа ми врати ти одиш приватно, од на работа бегаш за да копаш за 500 денари, на што јас и реков да каже каде имам копано. Копав јас пред 10 дена каде што ми наредивте вие, 5 дупки по 10 сантиметри кај премиум зоната за паркинг. Таму бев, а дали вие со тој што ме земат мене на работа приватно правиш зделки или не мене тоа не ме интересира, ни пари сум зел, ни пари ми се дадени како награда, сте ми скратиле, а не сте ми дале. После тоа таа почна да ме навредува, и се јави на телефон во управа, не знам со кого правеше муабет, но рече на Мустафоски Мухарем да му го прекинете договорот за овој месец. Јас веднаш реагирав. Директорке зошто да ми го прекинат договорот? Од кои причини наведете таму и нема проблем си има комисија и нека се расправа ако одлучат дека е така, нека е така, ако не, не. Вишок си на паркинг ми рече, јас и вратив извинете ама јас не сум на паркинг, в нива сум на копање, значи друго е паркинг, друго е на копање и друго е здравствено да не си способен. Не рече не ми требаш, по што во 14.45 јас си заминав.“

Мустафоски вели дека чекал неколку дена да се смири работата со надеж дека ќе го вратат на работа, но наместо тоа му се јавил раководителот и му рекол да го врати телефонот и другите работи.

– После неколку дена ми се јави раководителот и ми рече да го вратам телефонот и некои други работ. Јас му реков дека дури не ми вети директорката дека за овој месец сум неправилно избркан, да ме обештети, да ми даде тоа што ми следува, не враќам ништо, вели Мустафоски во разговорот за ОХРИД 24 и додава дека тие 12 дена од месец април директорката Јованоска на црно го држела, односно немал никаков договор потпишано.

После некое време и самиот Мустафоски, како што вели во разговорот, отишол кај директорката в канцеларија и ја прашал што ќе биде со него дали има шанси да се врати на работа.

– Ми рече нема ништо вишок си на паркинзи. Јас не реков ништо и си заминав. Оттука отидов во трудова инспекција да пријавам, ми рекоа да донесам документ за последно примената плата, договор кога сум примен на работа и последниот договор што го имам добиено. Направивме претставка ми ја заверија со печат, раскажува Мустафоски.

Тој вели дека дома има и снимки за здравствениот проблем, но со ситуацијата со коронавирусот не може да го направат операција. Додава дека не побарал од доктор документ дека не може да работи, затоа што на паркинзите немал тешка физичка работа.

– Здравствениот проблем го имам повеќе 7-8 месеци, два пати сум биден на снимање и последно кога бев кај доктор Балески ми рече дека, поради тоа што тогаш жариштето со вирусот во Струга беше големо, не можиме да те направиме операција, ама знам дека работиш кај Гордана, дека си на паркинг, почекај да се средит ситуацијава ќе направиме операција, ама како што не се среди состојбата со коронавирусот останав така, раскажува Мустафоски и додава дека додека можел не одбивал физичка работа, на пример ако имало некаде за копање или за чистење на снегот во зимскиот период, прв се јавувал доброволно.

Освен за бркањето од работа, Мустафоски во разговорот се жали и на тоа што не му било дозволено да ги користи слободните денови кои му следуваат по закон.

Во овие три години имам користено или немам 20 дена. Летно време иако во договорот пишува 40 работни часови, ние работиме плус 16 часа, односно сите седум дена во неделата по 8 часа, а во пикот на сезоната и повеќе. Три години сум таму одмор немам користено, вели Мустафоски во разговорот и како пример го посочува случајот кога за свадбата на неговата ќерка директорката не му дозволила користење на слободни денови со образложение дека не може да се користат за време на викенд.

Мустафоски во разговорот раскажува и за други случаеви кога бил малтретиран од директорката, еден од нив бил кога директорката го обвинила за кражба иако после извесно време се докажало дека не бил виновен.

Тој во разговорот вели и дека директорката им давала договори за работа откако ќе помине месецот и дека К-15 за претходната година им исплатила само 2.000 денари.

Редакцијата на ОХРИД 24 поседува аудиоснимка од разговорот во која Мустафоски вели дека стои целосно зад кажаното.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Појасен доказ и показател за тоа како се местат тендери, за фирми блиски до СДСМ, нема. Појасен показател како се испумпуваат народните пари, нема. Појасен показател од ова, дека ЈП на Град Скопје и нивните директори тонат во криминал, нема.

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Весковски наместиле тендер тежок 300.000 евра?

Димче Арсoвски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера обвини за скандал и криминал во кој,...

Ваквиот прекин беше предизвикан од неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираавлезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 вистински лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

„Тиквеш“ е принуден да го прекине откупот поради блокада од страна на поединци кои манипулирале со квалитетот на грозјето

И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која оваа година дефинираше...

Имено, обвинителката Лиле Стефанова била должна во истрагата да го сослуша осомничениот Никола Груевски.

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО СЛУЧАЈОТ „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“ Обвинителката Стефанова се служи со фалсификувана изјава на Никола Груевски

За да не ѝ пропадне обвинението за „Плацеви на Водно“, зашто во истрагата не е сослушан...

Во моментов се отстранува платформата и опремата на плажата „Куба Либре“, која долги години важи за една од најубавите не само во Охрид, туку и пошироко. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување, но без проблеми.

ФОТО: Започна отстранувањето на платформите на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје

Утрово започна отстранувањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните...