Диего Марадона и се врати на дрогата, објавија странските медиуми!

Објавил: Владо Марин | 18 февруари, 2020 21:48

СВЕТОТ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Диего Марадона повторно се дрогира- виден на фудбалски натпревар

Фото/Текст извор: ©Магазин

Аргентинскиот фудбалер Диего Марадона повторно привлече негативен публицитет, кога камера го фати како зема пакет од маж во црна маица за време на натпреварот со Росарио Сентрал.

Во тој момент, помошниците на Диего беа активирани на клупата.

Едниот веднаш им даде директива на другите да ги покријат сите агли на телото на Марадона, така што камерата нема да го фати моментот на предавање, за што многумина сметаат дека е дрога.

„Марадона повторно се врати на пороците, навистина тажно ако ме прашате“, коментираше корисник на Твитер на „Галу“ кој го објави видеото.

– Сите останаа да ја покриваат камерата – забележа уште еден твитер.

На Тринаесеттото светско првенство во Мексико (1986), Марадона бил двостепен стрелец на натпреварите на Аргентина со Англија. И двата негови голови на тој натпревар и денес добро се паметат. Првиот гол Диего подоцна го нарекол Божја рака. Вториот е ремек-дело кое на многу ранг списоци е прогласен за најдобар гол на сите светски првенства. Сам ја продриблал половината од англискиот тим и голманот Шилтон и постигнал гол.

Диего Армандо Марадона е поранешен аргентински светски првак од Мексико 1986 и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња. Марадона моментално ја обавува должноста селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

На 20 октомври 1976 година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), Диего го одиграл својот прв натпревар за сениорите на Аргентинос Јуниорс. Тогаш станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Следната година ќе го одигра првиот натпревар за сениорската репрезентација на Аргентина. Сепак, во 1978селекторот Луис Цесар Меноти не го земал во националната селекција на Аргентина за Светското првенство со образложение дека Диего е премлад за да го издржи притисокот. Во 1979 бил капитен на репрезентацијата на Аргентина која во Јапонија ја освоила титулата јуниорски првак на светот.

Во тоа време во Јувентус и ФК Барселона почнале да се распрашуваат за ,,малиот зелен‘‘, како што го нарекувале. Но не биле единствени – во игра биле и Арсенал и Шефилд Јунајтед. Тие веднаш се повлекле откако ја слушнале почетната цена од 800 000 фунти. Во тоа време оваа сума била прилично голема. Диего останал во Аргентина и во 1981 со клубот Боца Јуниорс ја освоил титулата ,,Првак на Аргентина‘‘. Година дена подоцна тој ќе настапи на Светското првенство во Шпанија и ќе потпише за Барселона.

Во Барселона за прв пат пробал кокаин. Тоа подоцна го образложил на следниот начин:

Ништо посебно. Сакав да се чувствувам поживо.

Во клубот сите се сомневале, но молчеле, бидејќи Марадона бил преголема инвестиција. Потоа тој настапувал во анти-дрога ТВ реклами, за што бил добро платен. Во 1984 година потпишал за италијански ФК Наполи со кој ќе освои две титули: Првак на Италија (1987 и 1990), а во 1989 ќе го освои и Купот на УЕФА – првата европска титула на Наполи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.