Учесниците веќе се пристигнати   за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.

Објавил: Валерија Петрова | 9 мај, 2019 15:05

Светот во паника: Џихадистите се заканија со терористички напад врз Израел за време на Евровизија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Светот во паника откако палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа неодамна се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за неколку дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

Учесниците веќе се пристигнати   за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.

„Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на каков било фестивал, чија цел е да му наштети на палестинскиот наратив“, се наведува во соопштението на Исламски џихад, објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнаа напади врз десетици цели во Појасот Газа, како одговор на тоа што 400 ракети беа истрелани кон територијата на Израел.

Во соопштението се наведува дека „отпорот мора да реагира на агресијата на непријателот и да го изненади“.

Претходно израелската армија го обвини Исламски џихад за поттикнување на моменталното насилство во Газа и во Израел.

Портпаролката на јавниот радиодифузен сервис Кан – локалниот медиумски партнер во организацијата на Евровизија – се обиде да ги смири загрижените дека избувнувањето на насилствата во Газа ќе влијае на музилкиот фестивал, кој треба да се одржи од 14 до 18 мај.

– Подготовките за евровизиските делегации продолжуваат според планираното. Делегациите пристигнаа во Израел и сите се зафатени со натпреварувањето – изјави Шарон Бен Давид.

Таа рече дека организаторите биле во постојан контакт со регионалната команда на израелските одбранбени сили, која не дала никакви специјални наредби поради ескалацијата на насилството во јужниот дел на земјата – далеку од Тел Авив каде се одржува натпреварот.

И најави силни безбносни мерки и исто така потенцираше дека не треба да има простор за паника.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Кулеба навел дека е на „топ политичко ниво“ Киев е лишен од можна соработка со Северноалтанската алијанса, бидејќи соработката со НАТО ја блокира Унгарија.

КИЕВ ВО ШОК: Унгарија не и дозволува на Украина да дојде на самитот на НАТО

Поради несоласувањто со Унгарија, Киев не доби покана на самиотот на НАТО во Лондон,...

Пејчиновиќ-Буриќ е втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.

Шефицата на хрватската дипломатија Марија Пејчиновиќ-Буриќ, избрана на чело на Советот на Европа!

Како што јави дописникот на МИА од Стразбург, Хрватската министерка за надворешни...

Како што најави заменик-командантот на единицата за противвоздушна одбрана Владимир Сергињко, ракетата ја погоди целта. Иако името на ракетата не е специфицирано, експертите веруваат дека тоа е ракета PRS-1M, која претходно била тестирана на полигонот.

Русија лансираше ракета за судниот ден: Нејзното име е тајна, а главната цел е одбрана на Москва од американските ракети

Руската телевизија го прикажа лансирањето на “новата руска ракета за пресретнувачи”...