вторник, 26 октомври 2021

MK/ EN/ DE



Шерман свиреше на деби албумот на бендот во 1983 година како замена за нивниот тогаш водечки гитарист Хајлел Словак. По заминувањето од „Red hot chili peppers“ станал баран гитарист и свирел во многу бендови кон крајот на осумдесетите и почеток на деведесетите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 11:24

Светот во тага: Почина поранешниот гитарист на „Red hot chili peppers“!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото макфакс

На 64 годишна возраст почина музичарот Џек Шерман. Имено тој својата популарност ја стекна како гитарист во бендот „Red hot chili peppers“.

Причината за смртта на познатиот гитарист се уште не е позната….

Се уште не е позната причината за смртта на гитаристот, а поранешните колеги од бендот се огласија по повод неговото заминување.

-Му благодариме за сето време кое го помина со нас, добро, лошо и она помеѓу, напшаа членовите на „Red hot chili peppers“.

Шерман со бендот го извади деби албумот во 1983 година како замена за нивниот тогаш водечки гитарист Хајлел Словак. По заминувањето од „Red hot chili peppers“ му биле отворени многу врати на музичката сцена, и Шерман станал баран гитарист кој свирел во многу бендови кон крајот на осумдесетите и почеток на деведесетите.

Инаку Red Hot Chili Peppers е Американски бенд формиран во Лос Анџелес во 1983 год. Сегашниот состав на бендот е Антони Киедис (вокал), Мајкл Фли балези (бас), Чад Смит (тапани), и Џош Клингхофер (гитара). Нивниот музички стил прави фузија од традиционален фанк со елементи на други видови музика како панк, рок и психоделичен рок. Оригинално групата била составена од гитаристот Хилел Словак и тапанарот Џек Ајронс. Меѓутоа Словак умрел од предозираност со дрога во 1988, што резултирало со заминување на Ирон, кој на кратко бил заменет од поранешниот тапанар на Дед Кенедис, Д.Х. Пелигро, пред бендот да најде постојано решение со Смит, додека Словак бил заменет со гитаристот Џон Фрусианте. Овој состав ги снимил четвртиот, петиот, шестиот, седмиот, осмиoт и деветиот албум. „Мадерс милк“(1989), Блад Шугар Секс Маџик (1991), „Kалифорникејшн“ (1999), „Бај д веј“ (2002), и „Стадиум Аркадиум“ (2006), кои биле петте најуспешни албуми на бендот. Blood Sugar Sex Magik е значителна трака за бендот, од која продале над 15 милиони копии, и го дала првиот комерцијален успех на групата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Арсовска е македонски претставник во Меѓународната стопанска комора (МКС) и избрана членка на Генералниот совет во Светската федерација на комори.

Која е Данела Арсовска жената која ќе го води Скопје – мојата среќа е мојот син!

Која е Данела Арсовска приватно?  Мајка, сопруга, ќерка, сестра. Моите пријатели...

Градоначалникот Шилегов заедно Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Елизабета Ангелеска, денеска присуствуваше на отворањето за посетители на мини зоолошката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоник во дворот на средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

МИНИ ЗОО ПАРКОТ ВО СУГС БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ! Градоначалникот Шилегов...

Според информациите кои ги доставија заедно со фотографијата Груевски е во кафуле во Будимпешта, во друштво со преубава девојка која што по потекло од Србија.

(ФОТО) Груевски уловен во друштво со преубава Србинка

Колегите од веб порталот Револуционер споделија фотографија од Будимпешта каде што...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.