Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Објавил: Перо Милчин | 23 мај, 2022 6:03

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија на Украина која ја наруши набавката од главната „житница на Европа“.

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

„Официјалните проценки наведуваат дека светските залихи на пченица се паднати на 33 отсто од годишната потрошувачка, но сега можеби се паднати и на 20 отсто, според податоците на компанијата „Гро Интелиџенс“ која се занимава со анализа на земјотелските податоци“, пишува „Телеграф“.

Русија и Украина сочинуваат околу четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува залихите на храна да ги користи како еден вид на оружје.

Русија оваа година планира силна жетва на пченица, зацврстувајќи ја контролата на Путин врз основните житарки, бидејќи лошото време го наруши нивното производство во Европа и во САД.

„Без значителни моментни и агресивни координирани акции, сме изложени на исклучителна количина на човечки страдања и економска штета. Ова не е циклично, ова е сеизмичко. Тоа е појава што се случува еднаш во генерација и која може драматично да ја преобликува геополитичката ера“, порача Сара Менкер, извршна директорка на „Гро Интелиџенс“, пред Советот за безбедност на ОН.

Војната го наруши земјоделското производство и доведе до рекордно високи цени на храната во светот, предизвикувајќи страв од немири во земјите во развој. Кризата со пченица ја влоши Индија, втор најголем произведувач во светот, со забраната за извоз на житарици и зголемени трошоци за земјоделците – од ѓубрива и сточна храна до гориво.

Официјални западни претставници, исто така, стравуваат дека Путин намерно се обидува да ги девастира глобалните залихи на храна со уништување на земјоделскјата опрема и кражба на жито во Украина.

Гувернерот на централната банка на Велика Британија, Ендрју Бејли оваа недела предупреди на „апокалиптично“ зголемување на цената на храната додека Украина се бори со извоз на производот.

„Украина има залихи на храна, но моментно не може да ја извезува. Тоа не е грижа само за нашата земја, тоа е грижа за светот во развој“, нагласи Бејли.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот го обвини Путин дека „ја користи храната како оружје“.

„Залихите на храна за милиони Украинци и милиони други луѓе ширум светот буквално се држат како заложници. Околу 20 милиони тони жито стојат неискористени во украинските силоси, додека глобалното снабдување со храна се намалува, цените вртоглаво растат“, изјави Блинкен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од денеска Шведска и Финска се блиску до пристапување во НАТО, откако Турција се откажа од ветото на нивниот влез.

Путин коментираше за Финска и Шведска во НАТО и за нападот врз трговскиот центар

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „ќе одговори со иста мерка“...

Уште пред да почне „Прајдот“, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари. Според невладините организации, уапсени се најмалку 152-ца луѓе.

ВИДЕО: Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници

Турската полиција вчера насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул...

„Овие мерки директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе го нападнат срцето на воената машина на Путин“, рече британскиот премиер Борис Џонсон, кој ќе се сретне со лидерите на индустриски најразвиените земји во светот во Германија на тридневниот самит на Г7.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија го забрануваат увозот на злато од Русија

Обединетото Кралство, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на злато од Русија како...

Трите напади се случиле околу полноќ во ноќни клубови во центарот на Осло. Се пукало во Лондон паб, популарно место за ЛГБТК+ заедницата, потоа во близина на џез-клубот Хер Нилсен и уште еден паб.

Двајца мртви, 21 повреден во терористички напад во Осло, откажана Парадата на гордоста

Четириесетидвегодишен маж е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство и терористички...