Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Објавил: Сара Фемина | 25 јануари, 2020 8:37

СВЕТОТ ТАГУВА: Најмалку 20 загинати и 920 повредени во земјотрес од 6,7 степени во источна Турција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го зафати источниот дел на Турција се искачи на 20, а 920 луѓе се повредени, соопштија турските медиуми.

Земјотресот која вчера го зафати источниот дел на Турција бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
Загинаа 16 лица во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија.

Длабочината e измерена на 10 километри од страна на ЕМСЦ, а бил доволно силен за луѓето да истрчаат надвор за да се засолнат, пренесуваат локалните медиуми.
Како што јавија турските медиуми најмалку четири или пет згради се урнале во Сивриџе.

Премиерот Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук изрази пидршка и солидарност со турскиот народ по катастрофалниот земјотрес кој го зафати источниот дел од Турција.

Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

АЛБАНИЈА ПОГОДЕНА СО НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,2 СТЕПЕНИ: СЕ ТРЕСЕ И ЦРНА ГОРА

Новиот земјотрес кој беше регистриран во Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер,...

Хрватската владата денеска донесе одлука да испрати хеликоптер на хрватската армија во Албанија, која беше погодена од серија моќни земјотреси.

СУПЕР ХЕРОИ: Хрватските кучиња трагачи се приклучија во спасувачката акција во Албанија

Кучиња трагачи од Хрватска со хеликоптер вечерва полетаа кон Албанија за да се приклучат...

После силниот потрес кој се случи во 3:54 часот следуваа серија од десетина потреси но со помал интензитет, меѓу третиот и четвртиот степен според Рихтеровата скала.

АЛБАНИЈА ВО ПАНИКА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА: Силен земјотрес во ДРАЧ урна зграда, има повредени(ВИДЕО)

Пристанишниот град Драч во Албанија кој утрово беше погоден од земјотрес со јачина...