(ВИДЕО) Во пресрет на премиерната средба со македонската публика, славниот Андре Руи денеска испрати и специјален видео поздрав за своите фанови во Македонија,

Објавил: Македонка Димкин | 23 февруари, 2019 18:18

Светската ѕвезда Андре Риу на концерт со Македонско девојче!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 6-ти јуни 2019 во четврток и за прв пат во Македонија, концерт во живо на кој маестралниот холандски музичар ќе настапи со неговиот, Оркестар Јохан Штраус, кој воедно е и најголемиот приватен оркестар на светот.

Во пресрет на премиерната средба со македонската публика, славниот Андре Руи вчера испрати и специјален видео поздрав за своите фанови во Македонија, снимен на подготвоките за овој ексклузивен музчки настан, а со кој ѕвездата воедно и наговестува бројни изненадувања за скопскиот концерт.

Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“. Неговите „ЈуТјуб“ видеа надминуваат далеку над милијарда посети досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на Валцерот на „Фејсбук“. Во јули 2018-та Андре Риу ги одржа и неговите годишни open air концерти во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За прв пат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Покрај пеењето и придружните вокали додека снима , Кравиц често свири на сите гитари, басови , бубњеви, клавијатури, ударни инструменти .

Американската рок-легенда ЛЕНИ КРАВИЦ во СКОПЈЕ- ја посети старата чаршија и се фотографираше со фановите!

Лени Кравиц, Американската рок легенда моментално се наоѓа во Скопје, по повод неговиот...

Со нумерата  „Километри“,  Влатко Лозаноски-Лозано го почна завчеравечер својот прв голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

После долго време концерт за паметење од македонски пејач!

Ова скромно момче, кое веќе петнаесетина години е присутно на македонската естрада,...