Светска банка соопшти дека пандемијата на коронавирусот и падот на цената на нафтата влијае на сите аспекти на економијата на Блискиот исток и Северна Африка и дека во 2020 година се очекува економски пад од 5,2 проценти во овие региони.
Новата проекција на Светска банка е за 4,1 процент пониска отколку во април и за 7,8 проценти полоша од онаа од октомври 2019 година.
„Прогнозата го одразува сè попесимистичките изгледи за Северна Африка и Блискиот исток, кои се резултат на пандемијата на коронавирусот и наглото опаѓање на цените на нафтата”, се наведува во извештајот.
Потпретседателот на Светска банка за регионот на Блискиот исток и Северна Африка, Ферид Белхај рече дека областа е „економски заостаната дури и пред да се појави пандемијата на корона вирусот”.
– По шест месеци пандемија, можеме јасно да ја видиме тежината на влијанието врз животот, егзистенцијата и просперитетот на целиот регион, рече Белхај.
Светска банка сега предвидува дека јавниот долг на земјите во тој регион значително ќе се зголеми во следните неколку години, од околу 45 проценти од бруто домашниот производ во 2019 година на 58 проценти.
Каиро, 20 октомври 2020 (МИА)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.