
Македонија
Економија
Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму, се вели во Редовниот извештај на Светска банка за економските изгледи на државата.
Светска банка во последниот извештај предвидува дека земјава годинава ќе ја заврши со пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година прогнозира раст од 3,6, односно 3,5 отсто.
„Ограничување на движењето, нарушените синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година“, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава на презентацијата на извештајот.
Светска банка оценува дека со рецесија се соочуваат и другите земји од регионот, па прави корекција на својата априлска проекција за годинешниот регионален раст од април, намалувајќи ја за 1,7 процентни поени на 4,8 проценти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.