Џезерот танцува по калдрмата: Владимир Четкар има нов сингл, а спотот отвора прозорче кон Охрид
Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска го промовираше својот нов сингл „A new day“ за кој сними и спот – во Охрид.
Спотот го режираше режисерот и сограѓанин на музичарот, Бојан Симјаноски, а снимен е на повеќе локации во Охрид. Четкар, во склад со својот игрив дух, танцува по охридските сокачиња и суптилно ни го отвара прозорчето кон убавиот Охрид.
Потоа „журката“ се проширува, и музичарот се весели со големо друштво на тераса која гледа на Охридското езеро.
Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото Electrical Audio на познатиот американски продуцент Стив Албини, познат по соработките со Нирвана и Лед Зепелин и во Hi Fi Studios во Милвоки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.