На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 април, 2020 11:03

СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО 7. АПРИЛ: Здравствените проблеми со кои се соочува светот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светски ден на здравјето е ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г.

Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни настани со извесна тематика која е важна за таа година.

Светски ден на здравјето е ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.

Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светски ден на борбата против туберкулоза, Светската недела на имунизацијата, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на непушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борбата против хепатитот и Светскиот ден на борбата против СИДА.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека недостасуваат шест милиони медицински сестри во светот кој се соочува со глобална пандемија на коронавирусот.

Агенцијата при Обединетите нации (ОН) заедно со здруженијата „Nursing Now“ и „International Council of Nurses“ (ИЦН) во своите извештаи ја истакнуваат клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат 50 отсто од медицинскиот персонал на планетата.

„Медицинските сестри се ‘рбетен столб на секој здравствен систем“, рече првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Според статистиката на организацијата, во светот има околу 28 милиони медицински сестри чиј број е зголемен за 4,7 милиони во периодот од 2013 година до 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

ШИЛЕГОВ: СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОСЛОБОДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни...

Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

Илјадници граѓани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев

Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев. Илјадници скопјани...

Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.

Заев од Стримица: Вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и...

Според Холштајн, заедничкото менаџирање со мигрантските текови во Европа е исклучително важно за постигнување успеси во овој сегмент!

Предадена донација од возила и опрема во вредност од 660.000 евра за Граничната полиција

Ми причинува особено задоволство што денеска заедно со амбасадорката на Сојузна...