Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.

Објавил: Стојче Бушин | 19 октомври, 2020 8:39

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: АКАДЕМИК ИЛИЈА ЧАШУЛЕ КОРИФЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИНГВИСТИКА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

18 октомври 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува искрена почит кон ликот и делото на академик проф.д-р Илија Чашуле кој целиот свој живот го посвети на македонската лингвистика и афирмацијата на Македонскиот јазик во татковината и во светот.

СМК ги отфрла омаловажувањата на ликот и делото на академик проф.д-р Илија Чашуле во определени кругови и апелира надлежните институции да посветат соодветно внимание и му овозможат простор и буџет за неговата незаменлива и општествено важна дејност.

Илија Чашуле е роден во Скопје на 27 јули 1957 година. Докторирал 1986 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема “Глаголската именка во Македонскиот литературен јазик“, под менторство на академик Блаже Конески. На Филолошкиот факултет во Скопје работи од 1979 до 1986 година, предавајќи општа лингвистика на Катедрата за Македонски јазик.

Од 1987 година работи како професор на Универзитетот Маквори во Сиднеј, Австралија, прво како лектор по Македонски јазик од 1987 до 2000 година, па предавач и виш предавач, а од 2000 година на Катедрата за општа лингвистика како професор по Македонски јазик и славистика, теорија на јазик, историска лингвистика и историја на индоевропските јазици.

Во 1979 година е лектор по Македонски јазик на Државниот универзитет во Москва, во 1982 предава Македонски јазик на Универзитетот во Лунд, Шведска, а со предавања гостува и во Упсала, Шведска и во Хале, Германија. Во центарот на научниот интерес на проф.д-р Илија Чашуле секогаш се наоѓа Македонскиот јазик, неговото минато и неговата сегашност.

Уште првите научни трудови докажуваат дека тој е оригинален, креативен лингвист, целосно посветен на својата струка. Неговите македонистички студии секогаш носат нова документација и нова интерпретација на специфичните аспекти на македонскиот морфосинтаксички систем и влегуваат во задолжителна предметна литература на секој македонист.

Во австралиската средина д-р Чашуле се посвети поинтензивно на теоријата и секојдневната практика на наставата, а резултат на таа посветеност беше прв сериозен, меѓународно признат прирачник по Македонски јазик за англофони, “Let’s learn Macedonian“ во 1990 година.

Во неговиот австралиски период, покрај секогаш присутната македонистичка проблематика, во фокусот на научните интереси се најде и еден друг јазик – бурушаскиот, јазик зборуван од околу 90.000 луѓе во Каракорум, во северо-западен Пакистан и Авганистан, односно Калашите и Бурушите (Хунзите) кои водат потекло од Македонците. Д-р Чашуле повеќе од една деценија објавува бурушаски етимологии со кои ja документира својата хипотеза дека бурушаскиот е индоевропски јазик.

Во бурушаските студии на Чашуле присутна е и една македонска нишка. Имено, според неговата хипотеза, Бурушази се потомци на Фригите кои некогаш живееле на денешна македонска територија и зборувале еден од палео-балканските индоевропски јазици – фригискиот. Бурушаскиот јазик беше енигма. Многу научници, јазичари се обиделе да го одгатнат. Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата. Голем настан за балканистиката – сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија. Оттука во денешен Македонски јазик можат да се најдат поединечни лексеми кои потекнуваат од фригискиот супстрат. Тој е многу посветен на народот што живее во Пакистан.

Д-р Илија Чашуле наоѓа време и за убавата литература, и тоа како оригинален творец и како преведувач – објави две поетски збирки и голем број преводи на и од Македонски. Пројавил и значајна општествена активност во животот на македонската заедница во Австралија. Автор е на 6 книги и на повеќе од 90 статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.

Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

СМК смета дека Македонија треба веднаш и безрезервно да ги прекине разговорите со Бугарија по овие прашања, како што СДСМ го бојкотираше референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!

Македонија од држава ќе се претвори во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС! ОСУДА НА БУГАРСКОТО ВЕТО ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА! Светскиот...

Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема! Само Македонија, никогаш северна! Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Сакајте ја Македонија, да и го вратиме достоинството, името на државата Македонија и идентитетот на нацијата Македонска!

НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПАТРИОТИЗАМ, ГЛОБАЛИСТИТЕ САТАНИСТИТЕ! Народите живеат, сите ние живееме...

Во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права, одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила!

ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, ПОМИЛУВАНИТЕ 56 ЛИЦА НА 12 АПРИЛ 2016 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВИНЕНИЕ И ЗАТВОР

НЕЗАВИСНО ОД ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ПО ЧЛЕНОТ 11-А ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, ПОРАНО...

Агонијата на власта за долгонајавуваниот датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, заврши со Еберт.

Петров: Црпнатиот од нива доби утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата

Утешна германска награда за велепредавство на нацијата и државата, наместо Нобелова...