-Денес навршуваат 13 години од кобната смрт на легендарната ѕвезда на македонската музичка сцена, македонскиот бренд Тодор Проески - Тоше.

Објавил: Стојче Бушин | 16 октомври, 2020 17:28

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС- СПОМЕН ЗА ТОДОР ПРОЕСКИ 1981-2007!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС- СПОМЕН ЗА ТОДОР ПРОЕСКИ 1981-2007!

16 октомври 2020 година, Крушево, Македонија!

-Денес навршуваат 13 години од кобната смрт на легендарната ѕвезда на македонската музичка сцена, македонскиот бренд Тодор Проески – Тоше.

Тодор Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, негова животна адреса беше и остана Крушево. Музичкото образование го стекнува во музичкото училиште во Битола и на Музичката академија во Скопје.

Прв настап имал на детскиот фестивал “Златно Славејче“ во 1992 година, а својата музичка кариера ја започнува на фестивалот “Мелфест” и на “Макфест” во 1997 година. Во 2000 година учествува на “Скопје Фест” со песната “Солзи прават златен прстен“. Во овој период го снима својот втор албум “Синот Божји“ со песните “Немир“, “Во коси да ти спијам“, “Излажи ме уште еднаш“, “Илузија” и “Тајно моја“. Во април 2003 година Тоше победува на фестивалот “Беовизија“ со песната “Чија си“.

Денес навршуваат 13 години од кобната смрт на легендарната ѕвезда на македонската музичка сцена, македонскиот бренд Тодор Проески – Тоше.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој во својата кариера е учител и на Лучано Павароти.

По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда “Мајка Тереза“ а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор. Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Неговиот следен албум “Божилак“ е компилација на 14 избрани македонски народни песни проследени од симфониски оркестар. Во 2007 година Тоше го издава неговиот последен албум “Игри без граници“. На неговиот последен хуманитарен концерт одржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје присутвуваа повеќе од 40.000 посетители.

Тоше има повеќе од 100 компонирани и напишани песни.
Песната “Македонија навива за вас“ на 10 ноември 2007 во “Метрополис арена“ на Скопски саем со 196 илјади гласа победи на изборот за официјална спортска химна.

Тоше загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а Светскиот Македонски Конгрес му го додели највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор. Погребан е на градските гробишта во Крушево на 17 октомври 2007 година. Во Крушево се изгради Музеј на Тодор Проески, во Крушево Тоше ја изгради црквата “Преображение Господово“. Денес државата Македонија го поднови неговиот вечен дом за траен помен и спомен…

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и Републиката, обземени од тага и очај изгубија ангел кој вечно ќе лебди над својата татковина Македонија…

Беше скромен, упорен, хуман, солидарен, беше искрен, зрачеше мир и љубов! Неговата душа од царството небесно секогаш ќе одекнува

“Ве сакам сите!“ “Мојата татковина се вика Македонија!“

Вечна ти слава и памјат ангелу…

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање.

ПЕТРОВ: Во времето на Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски беше дежурен БУГАРОФИЛ

ОД ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА ДО МЕТАМОРФОЗАТА “ЕТНИЧКИ БУГАРИН“ СО ПАСОШ ВО СОФИЈА, МЕДИЈАТОР...

Затоа и во последниот текст на крајот од последната страница, Ѓорѓи Џибрилов ќе подвлече дека “делото на тој голем Македонец создаде легенда од него и го направи наше знаме“!

БУГАРСКАТА ЦЕНЗУРА НА ДЕЛО: СОФИЈА ГО ЗАБРАНИЛА ВЕСНИКОТ ОД 1938 ГОДИНА ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Што пишува во весникот што требал да биде објавен по повод 35 годишнината од смртта...

Избран е за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав во Одделението за лингвистика и литературна наука.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: АКАДЕМИК ИЛИЈА ЧАШУЛЕ КОРИФЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИНГВИСТИКА

18 октомври 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува...

СМК протестира поради злоупотребата на бугарските пасоши за Македонците во Албанија како можност за евиденција на Македонците со “бугарски корени“ во обидите да се иселат од Албанија во земјите на Западна Европа.

СОФИЈА СЕ ПОАГРЕСИВНА ВО ОБИДИТЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА КАКО “БУГАРИ“

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење од изјавата на албанскиот министер за...