Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 10:10

СВЕТ ДЕН: Покров на Пресвета Богородица – еве жените што треба да прават

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Предание за празникот

Во житието на св. Андреј Јуродив се опишува самиот настан заради кој и се востановил празникот Покров на Пресвета Богородица. Таму се вели дека за време на бдението кое се извршувало кај кивотот во Влахерна (претходно, споменавме за кој кивот се работи), св. Андреј, заедно со својот ученик Епифаниј се наоѓале во храмот. Во четвртиот час од ноќта блажениот Андреј ја видел Богородица како влегува во храмот низ царската врата (која водела од нартексот во храмот), во придружба на мноштво ангели и светии. Кога дошла во близина на амвонот, св. Андреј му се обратил на св. Епифаниј и му рекол: „Ја гледаш ли Госпоѓата и Царица на светот?“, а неговиот ученик му одговорил: „Да, оче духовен“. И долго време Богородица со преклонети колена се молела, облевајќи го со солзи своето лице. После тоа дошла во олтарот, каде се молела за народот кој се наоѓал во црквата. Кога ја завршила својата молитва, го извадила од себеси својот блескав како молња омофор кој го носела на својата пречиста глава, и земајќи го во своите раце го раширила над сиот народ кој се наоѓал во храмот. Долго време омофорот ги покривал верните, а потоа, откако Таа заминала, го зела него со себе, оставајќи му ја на народот благодатта.

Црковниот великодостојник кој е востановувач на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, и автор на празничното пролошко слово, воодушевен од овој чудесен и несекојдневен настан, меѓу другото напишал: „… Посакав Пречиста да не остане без празник Твојот свет покров, но како што Ти, Семилостива, сакаш да го украсиш чесниот Твојот покров, украси ги со веселба и оние кои Те прославуваат… И како што милостиво ги покри народите кои беа таму во црквата, така и нас грешните Твои слуги, покриј нѐ со покровот на Твоите крила, рушејќи ги советите и мислите на сите оние кои помислуваат зло против нас. И спаси нѐ по милоста на Твојот Син во овој и во идниот век, и сите кои со страв и вера притекнуваат кон Тебе, и оние кои на Тебе се надеваат на брза помош и застапништво…“.

Со тоа што Богородица богоподобно го љуби човечкиот род и е извор на сите наши добра, се објаснува особеното и единствено почитување кон Неа во Православната Христијанска Екумена. Она што Самиот Бог уште во Стариот Завет го објавил, дека Марииното име ќе биде почитувано и славено (спор. Пслм. 45, 17; Ис. 60, 12…) на некој начин прави продолжение и дополнение на празнувањето на Празниците на Христовиот Домострој во Тело, што, пак, значи дека секое празнување на Богородичните празници добива Христолошки и Сотириолошки карактер. А тоа е така, затоа што Богородица најпотполно Го Овоплоти Бога во Себеси и затоа што Таа е основа на догматите Христови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Живот

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.

Муслиманите ширум светот денеска го слават РАМАЗАН БАЈРАМ!

Припадниците на исламската вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. Рамазан...

-Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна.

СРЦЕТО НА ЕМИЛИЈА СЕГА ЧУКА ВО ИВАН: Ова е човекот кој ја издржа првата трансплантација на срце во Македонија!

 -Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните...

Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди.“ – велат од семејството Стајиќ.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Сопствениците на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари на семејството на починатата Емилија!

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат...