Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

Објавил: Македонка Димкин | 10 август, 2022 23:46

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Фото/Текст извор: ©Kanal 5

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се руски цивили кои решиле да побегнат од полуостровот по вчерашните огромни експлозии во руската воена воздухопловна база Саки на западот на Крим.

Иако официјален Киев молчи за експлозиите во руската воена база на Крим, висок украински функционер, кој сакаше да остане анонимен, денеска изјави дека украинските специјалци се одговорни за насилните експлозии што вчера ја уништија руската база.

Крим е популарна туристичка дестинација за Русите, особено за време на летните одмори.

“Не сакам да го напуштам Крим. Овде е толку убаво. Овде се навикнав, како да бевме дома. Сè беше толку убаво”, рекла Русинка која денеска побегнала од Крим со своето семејство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...