Роднините на функционерите кај нас немаат потреба од орално докажување пред локалниот партиски моќник за да се сместат удобно, мислејќи на својата пензија.

Објавил: Македонка Димкин | 10 февруари, 2019 16:15

СДСМ&ДУИ: Злото на македонскиот граѓанин и причината за непотизам?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Можеби повеќето од Вас не знаат дека германската канцеларка Ангела Меркел има брат кој се вика Маркус Каснер и е професор по физика во Гете универзитетот во Франкфурт. За мене лично беше огромно изненадување фактот што г-нот Каснер нема агенција за обезбедување или во најмала рака не е газда на фудбалски тим од Бундеслигата па макар и од пониските нивоа на ова натпреварување.

Г-ѓа Меркел има и сестра, која се вика Ирене Каснер и поради непозната за мене причина не е вработена во германските ЕЛЕМ, туку се занимава со скромната но благородна професија работнички терапеут, пишува порталот трибуна.мк

Германија е голема, развиена и уредена земја…

Македонија е мала, бедна и отепана од транзицијата земја во којашто не е препорачливо да се занимаваш со приватен бизнис и баш поради таа причина национален спорт ни е дудлање функционерски патлаци по штабови за да ја лапнеш брадавичката на државната цицка…

Г-ѓа Меркел има и сестра, која се вика Ирене Каснер но таа не е вработена во германските ЕЛЕМ, туку се занимава со скромната но благородна професија работнички терапеут.

Роднините на функционерите кај нас немаат потреба од орално докажување пред локалниот партиски моќник за да се сместат удобно, мислејќи на својата пензија. Нивниот статус се гарантира според генот што го носат. Синови, ќерки, браќа, сестри, братучеди… веќе им го изгубив редот. Кирац дури ми стана симпатичен, тој барем шваљерката си ја „запосли“. Командант Форина малку ја претера, ем ќерката ем баџанакот, ама голем човек е тој, не е прцулче ко генсеков на комуњарите. Таљат бил офицер од АРМ, командант од УЧК, заменик-министер за одбрана, министер за одбрана, а сега е спикер на парламентот. Па човекот имал и има повеќе одговорни функции од бројот на книгите, што некогаш во животот ги прочитале оние 50 % неписмени „младичи“, чии достигнувања беа обелоденети во медиумите.

Непотизмот е нормална појава во Македонија и на Балканот.

Кај нас е ненормално ти да си на функција, а твој роднина (со кого си во добри односи) да се потпишува во бирото за вработување. Ќе бидеш колнет од вујни и стрини до 9 колено, магии ќе ти прават, со крв од лилјак крстови ќе ти цртат на врата, ќе ти извадат муабет дека до 12 годишен си се мочал у гаќи и дека си ги јадеш цуфките од носот. Страшно нели? Токму поради овие ноторни факти, македонските функционери не се плашат да ги вработуваат своите роднини, а потоа без трошка срам да изјават дека не влијале врз нивното професионално издигнување.

превземно од авторот кој се потпишал како Батко Тане

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Непотизмот царува во администрацијата, а власта брза со вработувањето на децата на своите функционери, како да е ова последна шанса!

Народот во самопослуги за 15.000, а децата на функционерите на државно со 40.000 денари плата!

Пратениците и министрите од СДСМ и ДУИ брзаат да ги вработат на државно своите синчиња...

Во развиени демократии политичарите како Макрадули или Царовска, би си поднеле оставка од морални причини, откако јавноста откри дека нивните сопружници добивале наместени тендери од власта

Влада за брачни тендери на Макрадули и Царовска!

Компанијата „ОПЕН МАЈНД СОЛУШНС“ во која еден од сопствениците е Маја Макрадули,...