Бојан Христовски

Објавил: Калина Мартинска | 28 октомври, 2024 15:46

СДСМ бара МВР да поднесе кривична пријава за новиот директор на АНБ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“.

Додека се чека одлуката на Антикорупциската комисија дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција, од СДСМ побараа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да му поднесе кривична, по примерот со велешанката која беше обвинета дека станала директроката на градинка со лажен TOEFL сертификат за англиски јазик, издаден од училиште за јазици од Пловдив..

Од СДСМ се повикуваат на информации од бугарски и македонски медиуми, со кои како што велат се докажало дека и Христовски исто така приложил сертификат од истото место, каде воопшто немало испитен центар за TOEFL.

-Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик.Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски. Очекуваме и Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности,- Богданка Кузеска – СДСМ.

Освен сертификатот за странски јазик, опозицијата го спореше и стажот на Христовски, а во јавноста се отвори и прашањето дали директор на АНБ без безбедносен сертификат за „Државна тајна“ може да биде назначен на оваа функција. Според законот ваков сертификат може да се добие за најмногу за шест месеци, но процедурата може да трае и многу подолго вели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Ковачки, кој поседува безбедносен сертификат државна тајна, а легитимацијата ја покажа.

-По закон е шест месеци, максимални се, може побрзо но по тоа што го гледаме праксата покажува дека трае година две, и луѓе кои се жалат може да добијат на постапка, и пак се почнува од почеток, сега јас ги разбирам и тие што ги прават проверките дека немаат доволно луѓе и така натаму, но факт е дека во изминатиот период се правеа злоупотреби со овие сертификати значи се одземаа на луѓе односно се пуштаа во јавност дека немаат, за на крајот да видите дека и имаат,- Драган Ковачки – Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Христовски беше назначен за нов директор на АНБ, иако власта не се откажува од намерата оваа инсистуција да ја спои со Агенцијата за разузнавање во една нова безбедноста инситуција .. Премиерот Мицкоски денеска најави дека првичната верзија на законот со кој ќе се прави реформата го очекува до почетокот на следната година, а како пример ги псоочи системите во САД и Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести