После години стагнација, уназадување, осиромашување, Северна Македонија бележи економски раст.

Објавил: Перо Милчин | 1 јуни, 2019 14:37

СДСМ: „ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека цел свет ги признава успесите од СДСМ„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Заглавена во одбрана на криминалот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во анти- државната и анти-европската политика.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека целиот европски и демократски свет ги вреднува и признава успесите на Владата предводена од СДСМ. За 2 години од заробена држава, нашата земја, денеска важи за светол пример во регионот.

Тоа е огромната и евидентна разлика помеѓу расипништвото и деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ и државничкото, одговорно работење на Владата предводена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да држи очајни прес-конференции да се соочи со фактите кои се патем нотирани и во нај позитивниот Извештај во историјата за нашата држава од страна на Европската Комисија.

После години стагнација, уназадување, осиромашување, Македонија бележи економски раст. Забележан е значаен економски раст, покачени се минималната и просечна плата, по 11 години стагнација имаме раст на БДП од 3,7%, без да се потроши денар за промоција, имаме рекорден износ од 625 милиони странски инвестиции, нема повеќе задолжување по енормни каматни стапки.
Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат храброст да честитаат за најпозитивниот Извештај од остамостувањето. За нив најважна е одбраната на криминалот на нивниот почесен претседател во бегство – Груевски.

Република „Северна„ Македонија чекори напред по евроатлатнски курс, што значи подобар живот за сите, колку и тоа да не и’ се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“, велат од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.