Поранешниот премиер, Груевски, се огласи на социјалните мрежи со правна поука дека портпаролот на СДСМ шири лаги затоа што не ги знае членовите од Кривичниот законик

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 8:40

СДСМ во пресовите ги измешал членовите од КЗ по кои ми судат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник, Никола Груевски со реакции по бројните пресови на Костадин Костадинов.

Имено Груевски на социјалните мрежи го повика Костадинов како портпарол на СДСМ, пред да оджи уште една од неговите дневни “седенки” да се информира што говори.

Обраќањето на пратеникот Никола Груевски го пренесуваме во целост:

Jасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто.

Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите.

Јас најчесто ги игнорирам овие секојдневни нивни прес конференции, соопштенија, изјави и секојдневни лаги, но вчера и денес решив малку за промена да им одговорам, колку да потсетам за какви измамници се работи.

Вчера ги демантирав за предметот за патиштата каде лажеа дека сум одел на суд за наводни земени провизии.

Кажав дека одам на суд заради обвинение (член 359 од ЗКП), дека сум влијаел да се изградат патиштата со цел да остварам корист со тоа што ќе сум добиел политички поени пред гласачите на изборите заради завршената градба на патиштата.

Знам дека на многумина не им се верува дека тоа е можно, ама така е.

И многумина мислеа дека за набавеното блиндирано возило Мерцедес сум осуден заради некаква измама, провизија, злоупотреба на буџетски пари и сл., но и таму сум теретен за истиот член, сум влијаел да се купи возилото бидејки сум сакал покрај другите ВИП гости и јас понекогаш да бидам превезуван во него.

И за тоа “независните” судии оцениле дека требало да одам 2 години во затвор.

Сега истиот портпарол објави дека моите адвокати побарале поништување од Уставниот суд на член 353 став 5 и ја извести јавноста дека со тоа сакале да издејствуваат амнестија за мене, ама СДСМ немало тоа да го дозволи.

Ја известувам јавноста дека јас немам обвинение по член 353 став 5 кое се однесува на злоупотреба на сл.должност поврзани со јавни набавки или штета на буџетот.

Всушност јас немам обвинение кое ме терети за било што поврзано со корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки и слично.

Мене освен по член 359 што го опишав погоре, ме теретат за рушењето на дивоградбата на Фијат, каде ме теретат за имотна штета за една класична дивоградба за која Фијат своевремени тужеше и загуби на сите судски истанци. Ме теретат и за потикнување насилство, за шамари кои не постојат и во Титаник за работи поврзани за изборите.

Сепак, СДСМ се труди со сите сили да создаде перцепција дека на суд одам заради финасики злоупотреби и проневери, и во секое нивно соопштение или прес конференција се трудат да создадат таква слика во јавноста.

Еден ден ќе дојде крај на луѓето кои сега прават политички прогон, а со тоа и на нивните пиуни кои секојдневни ја лажат јавноста.

Што ќе прават потоа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...