Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош“,се вели во соопштението!

Објавил: Стојче Бушин | 27 јуни, 2020 20:14

СДСМ: Ги укинуваме патните трошоци за пратениците

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија, велат од СДСМ во соопштение до јавноста! 

Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање.

Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош“,се вели во соопштението.

Во насока на изборните ветувања за во иднина, од СДСМ акцент ставаат на правосудството кое велат мора прочисти од корумпираните судии и обвинители. Ветуваат намалување на администрацијата, укинување на патните трошоци за пратениците и законска обврска за функционерите за поголема транспарентност во трошењето на државните пари.

„Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси. На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство“, се вели во партиското соопштение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...