
Македонија
Вести
Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски најави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, велат од СДСМ.
„Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст. На Мицкоски му порачуваме, може да глумиш колку сакаш, но економски раст не се гради со лаги и ПР. Се гради со работа, нешто што него очигледно сè уште не му е непознато“, тврдат од партијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.