Како што изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по заедничката средба во партискиот штаб, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

Објавил: Сара Фемина | 8 септември, 2021 16:31

СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап нa локалните избори

Фото/Текст извор: ©либертас/магазин.мк

СДСМ и уште 20 партии попладнево потпишаа Договор за заеднички настап на претстојните локални избори.

Како што изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по заедничката средба во партискиот штаб, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

Вака поставена, рече Заев, коалицијата е гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, равзојот на регионите и општините.

– Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, истакна Заев.

Според него, коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда во првиот и вториот изборен круг.

Заев подвлече и дека денешното потпишување на Договорот има симболика.

-На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, подвлече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

-Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Мицкоски: СДСМ и ДУИ почнаа очи да си вадат по улици

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Илинден ги прозва...

Причината за 14 загубени животи се најде во прегреаниот продолжен кабел, но сеуште не се лоцираат виновници. Опозицијата бара разрешување на Филипче и Хасани на итна собраниска седница.

ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СВИКУВАЊЕ НА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО

Додека министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, од страна...

Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7.000 проекти на локално ниво.

СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите

Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Сите анкети од релевантни институции спроведени...