Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 11:19

СДСМ: Никој не е над правдата, секој кој ги прекршил законите ќе одговара

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати стои во партиското соопштение на СДСМ.

Партиско соопштение на СДСМ…

– Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво. Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи, велат од СДСМ.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

– Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност. Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување, додаваат од владејачката партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во „Рекет“, како што вели ситуацијата е јасна како ден, и се знае кој е октоподот и кој е организатор на целиот случај.

Мицкоски со став за „Рекет“: Јасна е таму ситуацијата, се знае кој е главата на случајот!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет“...

Милошоски напиша дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина,  „произлегува сомнеж за тоа дека Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски.

Милошоски со нова “бомба”: Ќе доставам до Русковска досега не видени аудио материјали за „Рекет“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави нова бомба која утре како што објави...

На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

“МАРШОТ ЗА ПРАВДА” ГО ПРЕДВОДЕШЕ ЗАЕВ: Ние го ослободивме судството, ама бурно го следиме

Под мотото „Чекориме за правда за сите“ СДСМ вчера маршираше од Собранието кон Кривичниот...