Филипче единствен кандидат

Објавил: Калина Мартинска | 15 март, 2025 20:24

СДСМ падна на 22 илјади членови: Ниту членството не го сака Филипче, а граѓаните одамна ја изгубија довербата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

СДСМ некогаш се фалеше со десетици илјади членови, но денес партијата се сведува на 22.000 луѓе, и тоа според нивните сопствени бројки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа бројка е доказ за целосниот распад на СДСМ. Членството масовно бега од бродот што тоне, затоа што гледа дека партијата остана без идеја, без кредибилитет и без иднина. Венко Филипче е само новото лице на старата брука наречена СДСМ. Човекот што се обидува да го замени Зоран Заев, но со иста неспособност, иста нечесност и исто разочарување што го носи на партијата“, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Ако ни сопствените членови не го сакаат Филипче, како ли мислат дека народот ќе ги прифати, прашува партијата.

„СДСМ стана партија во слободен пад, сведена на внатрешни пресметки, лични интереси и панично спасување на сопствените кариери. Граѓаните одамна ја изгубија довербата, а сега и сопствените членови бегаат од нив. На крајот од денот, нема реформи што ќе им помогнат – СДСМ пропаѓа поради сопствените грешки, а Филипче е само новата маска на истото политичко фијаско“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека директните внатрепартиски избори за претседател на партијата ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ на 78 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Регистрирани се 22.717 членови, кои имаат право да гласаат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести