Граѓаните знаат дека на Мицкоски не му се допаѓа напредокот, тој е на различна страна од интересот на граѓаните и државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 21:35

СДСМ: “Преку Мицкоски зборува Никола Груевски, исти фрази, иста глума и лажна загриженост„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Христијан Мицкоски не смогна храброст да честита за нај позитивниот Извештај од Европската Комисија и безулсовната препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Наместо идеи, проекти, програма, предлози во интерес на граѓаните, Мицкоски игра по нотите на Груевски од Будимпешта, се фатил за деструкцијата и лажните вести како негова единствена основа за делување.
Преку Мицкоски зборува Никола Груевски, исти фрази, иста глума, лажна загриженост, измислени апокалиптични сценарија за наводно редефинирање на државата, нови граници и слични кои немаат врска со реалноста.
11 години овие филмови на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги изнаслушавме сите, само за да може фамилјата да се богати додека граѓаните страдаа.
Така режимот не заглави во изолација и станавме заробена држава.
Тоа време заврши, граѓаните ја поразија таа деструктивност, сега одиме напред кон ЕУ и НАТО.
По 11 години заробена држава Северна Македонија е светол пример.
Граѓаните знаат дека на Мицкоски не му се допаѓа напредокот, тој е на различна страна од интересот на граѓаните и државата.
Нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување.
Но нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато на изолација. Деструкцијата на Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...