Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

Објавил: Стојче Бушин | 29 мај, 2020 20:26

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин го промени името и го склучи штетниот договор со Бугарија, Владата зададе нов удар на Македонија и иднината на сите нас задолжувајќи не’ за рекордни 700 милиони евра.

Со ова, Ангеловска, Заев и СДС ја ставија Македонија во економско заложништво на западноевропските финансиски институции на кои македонските граѓани, покрај главниот долг, за шест години ќе им исплатат камата од над 160 милиони евра.

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

Оправдување за ова големо задолжување не треба да биде и намалениот буџетски приход, бидејќи креатори на овогодишниот нереален буџет и крајно погубната економска политика изминативе години се токму СДС.

Ниту корона вирусот, ниту вонредната состојба не се оправдување, особено поради фактот што овие пари, наместо за помош на работниците, земјоделците, малите семејни бизниси, ќе завршат во рацете на крупните капиталисти, кои повторно како и во транзицијата, ќе се богатат на сметка на државата, односно народот.

Факт е дека овие пари ќе бидат користени и за предизборен поткуп, сега кога СДС и Заев ја изгубија поддршката кај своето гласачко тело.

СДС уште еднаш покажува и докажува дека, наместо од интересите на државата и народот, се води од сопствените интереси, и дека нема капацитет да спроведе економска политика во интерес на народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино.

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна...

Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќ еинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.

МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, ДУИ нема да оди до крај со идејата за премиер Албанец!

Во изјава за Фактор.мк политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека по вчерашните...

Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

ДИК ќе добие тужба од Левица: Апасиев обвини за НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ

На денешната прес-конференција претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека...