Одредени медимуи објавија дека Антикорупциска комисија веќе утврдила дека синот на Стојчевска незаконски се вработил,

Објавил: Узунов Бобан | 28 март, 2019 7:59

СДСМ ја фамилијализира државата, случајот со пратеничката Стојчевска е потврда за непотизам и влијание ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Одредени медиуми објавија дека Антикорупциска комисија веќе утврдила дека синот на Стојчевска незаконски се вработил односно не ги исполнил условите утврдени во конкурсот за вработување и покрај тоа тоа била донесена Одлука за негово вработување.

Доколку Антикорупциска комисија утврди неправилност, тогаш незаконското вработување на синот на Мира Стојчевска треба да биде case study кој треба да одговори на неколку прашања во интерес на јавноста. 

Зоран Заев на неодамнешното гостување во Само Вистина, на прашање на новинарката за вработувањето на синот на Мира Дизел одговори дека изјави дека синот на пратеничката имал Градежен факултет кој е дефицитирен кадар во државата, истото важи за лекарите и дека тука нема дискриминација за роднините на функционерите.

Прво, каков систем на вработување изградила оваа власт за да спроведува незаконски вработувања на блиски роднини и пријатели ? Во изминатиов период бевме сведоци на многу случаи на непотизам кои ги допираат  највисоките врвови на власта, и оставаат впечаток дека роднинско-партиските релации се единствениот критериум за вработување во “елитни” државни институции.


Второ, Анткорупциска комисија треба да даде одогвоор кои системски грешки треба да се исправат, односно кои законски измени се потребни за да се спречи очигледната намера на оваа власт да ја фамијализира и партизира државата. Ова е повеќе од потребно, бидејќи актуелната власт се дрзнува и незаконски да вработува.


Трето, ако се утврди дека синот на Стојчевска се вработил без да ги исполни условите, тоа е потврда дека пратеничката или некој друг го искористил своето влијание врз одговорните лица во компанијата ЕЛЕМ да донесат незаконска одлука.

Ова би било потврда за непотизам, бидејќи доколку не би бил син на пратеничка ниту една комисија за вработување или одговорно лице не би потпишала одлука за вработување спротивна на закон. Оттука Антикорупциската комисија, треба да испита кој функционер влијаел врз државното претпријатие АД Елем да постапи спротивно на законот.

Дополнително, функционерот кој влијаел на незаконското вработување и лицата кои го спровеле истото да подлежат на санкции во кривична постапка под член 353 од Кривичниот Законик за злоупотреба на службена положба и овластување. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Анализата на Министерстото за здравство покажува дека постарите од 65 години имаат двојно поголем ризик да починат од Ковид, а кај мажите ризикот за смрт е за 28 проценти повеќе од жените.

Фајзер најефикасен против смртен исход, Синовак против хоспитализација

Синовак најмногу спречува смрт, а Фајзер хоспитализација, покажува првичната сеопфатна...

Во Европската комисија Маричиќ одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на кој му ги претставил реформите што во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

Бугарија најави вето, Македонија очекува разговори

Министерот Бујар Османи најави дека во декември активно ќе се бараат решенија за спорот...

Како што објаснуваат од Министерството за Фокус, компанијата имала лиценца како правно лице, врз основа на која обезбедила и таканаречен извод од лиценца за неколку автобуси, но, истакнуваат од таму, друштвото немало ваков извод од лиценца за автобусот кој изгоре во Бугарија!

Кобниот автобус требало да го контролираат и Царината и Инспекторатот

„Беса Транс“ имала лиценца како правно лице и извод од лиценца за неколку автобуси,...

Солиден резултат имаше Левица која собра над 50.000 гласови а коалицијата на ЛДП и ДОМ дебитираше на избори со близу 25.000 гласови.

Анализа: Колкава е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на првиот круг од локалните избори?

Нешто помалку од 50.000 гласа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во збирот на гласовите...