Доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.

Објавил: Перо Милчин | 10 февруари, 2019 11:33

СДСМ : “Ќе вработуваме млади лица до 34 години”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите, соопштија од СДСМ.

Од СДСМ соопштија дека со мерките за оперативниот план во 2019 година ќе се обезбедат шанси за младите да се вработат преку најразлични обуки во различни фирми. Исто така рекоа дека ако некои лица не ќе можат да се вработат со оваа мерка, која ја нуди владата за сите невработени млади лица до 34 години, ќе имаат можност да искористат друга програма од овој план што ќе се реализира во 2019 година.

„Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации. Важно е тоа што новите работни места како и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците“. Доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.
„Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...