Денеска во Собранието претставници на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со пратениците на ЛДП, Демократскиот сојуз и ДОМ, кои се дел од владејачкото мнозинство.

Објавил: Владо Марин | 5 јули, 2021 16:44

СДСМ ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија

Фото/Текст извор: ©гласот на Америка

Станува извесно дека Македонија ќе добие собраниска резолуција за „црвените линии“ на државата во разговорите со Бугарија. Владејачката СДСМ денеска се предомисли, по првичното отфрлање на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и соопшти дека ќе ја поддржи иницијативата на опозицијата.

„Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што што всушност и ја видовме од медиумите“, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

Денеска во Собранието претставници на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со пратениците на ЛДП, Демократскиот сојуз и ДОМ, кои се дел од владејачкото мнозинство.

И помалите коалициски партнери на СДСМ се „за“ оваа иницијатива.

„Сум за тоа да се отвори расправа во Парламентот, понудениот текст може да се подобри. Веројатно треба да стои уставното име, бидејќи тоа ќе биде документ на Парламентот. Очекувам од сите партии да изградиме еден став кој ќе не` обединува“, рече Павле Трајанов од Демократски сојуз.

Маја Морачанин од ДОМ рече дека „ за нас текстот, генерално е прифатлив, може да има корекции во самиот текст. Најважно е дека текстот е коректен и дека за македонскиот идентитет не се преговара“.

Моника Зајкова од ЛДП, пак, изјави:

„Генерално, текстот на оваа резолуција за нас е прифатлив како пратеници на ЛДП. Важно е за вакви резолуција да има обединување во Собранието“, рече таа.

Предлагачот очекува широка поддршка во Парламентот.

„Очекуваме оваа резолуција да се усвои во Собранието и сметаме дека ако партиите се обединат околу ова тогаш тоа ќе биде корисно и за Парламентот и за општеството“, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот на резолуцијата предвидува водење на преговорите на рамноправна основа со почитување на меѓународното право, без какво било условување, притоа признавајќи ја автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...