Македонија
Вести
„Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели.
Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто.
Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти“ соопштуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму порачуваат дека „СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард“.
Пресвтницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа. Наредната 2023та година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница“ е партискиот став.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.