За да ја заобиколат активната блокада на пратениците на Левица, кои со над 1.000 амандмани го блокираа овој штетен закон, слугите на олигархијата, владата предводена од СДС и ДУИ овој закон го шверцуваа по скратена постапка со т.н европско знаменце - покрај реакциите на загриженост и опасност за корупција од страна на Европската Унија.

Објавил: Сара Петреска | 27 мај, 2023 13:32

СДС и ДУИ со европско знаменце изгласаа ропство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера, на шверцерски начин, Сообранието ги изгласа предложените капиталистички измени на Законот зa работни односи. Со изгласаните измени, работниците ќе можат по барање на контроверзниот конзорциумот „Бехтел и Енка“ да работат и по 12 часа дневно, иако досега имаше ограничување на максимални 190 часа прекувремено во текот на една година.

За да ја заобиколат активната блокада на пратениците на Левица, кои со над 1.000 амандмани го блокираа овој штетен закон, слугите на олигархијата, владата предводена од СДС и ДУИ овој закон го шверцуваа по скратена постапка со т.н европско знаменце – покрај реакциите на загриженост и опасност за корупција од страна на Европската Унија.

Со изгласаните измени се брише ограничувањето на максималниот број на прекувремена работа под плаштот на стратешки интерес. Изгласаните измени кои би требало да важат за работниците постои опасност да се пренесат и во други области. Со овие измени, СДС и ДУИ македонскиот работник го сведуваат на модерен роб, а земјава ја враќаат во средновековието, наспроти тенденциите во европските земји за скратена работната недела.

Левица беше единствената опозициона партија која со филибастеринг активно го блокираше овој штетен анти-работнички закон. Потсетуваме дека истата криминогена коалиција претходно експресно го одби предлогот на Левица за намалување на договорите за определено време, со цел заштита на работникот.

Се потврдува дека оваа анти-народна и квинслишка власт единствено одработува за туѓи интереси, на штета на сите национални и социјални придобивки  кои македонскиот народ низ макотрпна борба ги стекнал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...