Австрија се грижи за сите што живеат на нејзина територија

Објавил: Сања Кукиќ | 14 март, 2019 15:56

Себастијан Курц воведува кодекс за однесување со крави

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Додека Владата на Заев тотално ги игнорира локалните проблеми на граѓаните, чист воздух, ѓубре, немање канализација, чиста вода, асфалт, Австрија е многу далеку. Себастијан Курц  со закон ќе го регулира однесувањето кон кравите.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави воведување на нов закон со задолжителен кодекс на однесување за планинарите и рекреативците кои ги посетуваат австриските пасишта.

Повод за ваквиот кодекс е трагичниот инцидент од 2014-то во кој 45 годишна германска туристка беше прегазена до смрт од стампедо крави во тиролската област Пинислам. Случајот беше долго актуелен во австриските медиуми, но кулминацијата ја достигна во февруари годинава откако судот донесе одлука, сточарот да исплати стотици илјади евра оштета за семејството на настраданата.

Пред дестина дена Заев и сопругата беа на гости кај Курц, а вечерта заедно присуствуваа и на Виенскиот бал. Можеби Заев добил силна порака од Курц како навистина се води држава.

Пресудата  предизвика гнев и разочараност кај сточарите, но и голем дел од јавноста застана на страната на сточарот кои сметаат дека тој не треба да сноси вина.

Напротив, факт е дека жртвата во моментот на инцидентот шетала по пасиштето со своето куче врзано за појас. Тоа било и причината за нападот, затоа што кравите некогаш кучињата ги гледаат како опасност за своите телиња, па инстиктивно сакале да ги заштитат. Лаежот на кучето предизвикал стампедо на кравите.

Току затоа Курц најави закон за строго однесување по пасиштата. Како што нагласи тој , кодексот во суштина ќе биде за кучињата, затоа што тие биле спорни во слични случаи.

Доколку не се почитува кодексот, вина ќе сносат самите посетители на пасиштата, а сточарите ќе бидат ослободени од секава вина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Илиевски: „Ако Вучиќ го сака Груевски, нека појде Будимпешта и нека се напијат кафе заедно“

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски вчера во гостувањето...

„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје,

Русија го призна новото име Република „Северна„ Македонија

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Русија...

Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

На евровизиската сцена Тамара ќе настапи со уште две прекрасни дами (ФОТО)

Тамара Тодевска на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на сцената на „Евровизија“...

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување на пратениците во наредните две години. 

Собранието ќе потроши 422 илјади евра за хотелско сместување и авиобилети за пратениците

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување...