Како што пренесуваат хрватските медиуми, синот на Северина кој досега живееше со неа, мора да му го предаде на таткото вечерва до 20 часот.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 19:00

Северина го изгуби синот – Милан издвои ГОЛЕМА победа

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Привремената мерка по која 7-годишниот Александар, синот на Сверина Којиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ отсега ќе живее со таткото – веднаш стапува на сила.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, синот на Северина кој досега живееше со неа, мора да му го предаде на таткото вечерва до 20 часот.

После тоа Северина ќе го гледа синот двапати неделно попладне и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

Поповиќ во разговор за „Index“ нагласил дека нема намера да го одведе синот во Србија и дека момчето нема српски пасош.

„Српскиот пасош кој го имаше истече пред три години, а нема нов. Ова е спин, институција со која сака да се создаде впечаток дека сакам детето да го однесам од Хрватска“, рекол тој, и додал:

„Александар останува во Загреб и ќе оди во училиште во Загреб.“

Адвокатот на Северина, Мате Матиќ најави дека ќе поднесе жалба на одлуката, но жалбата не го одложува нејзиното извршување.

„Нема апсолутно никаква основа за оваа одлука. Старателката од социјалното на која одамна ѝ беше доделено детето на суд, призна дека не го видела Александар две години, но судијката сепак го почитуваше нејзиното мислење и како привремена мерка детето му го додели на таткото“, тврди Матиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Малку е познато на јавноста дека еден од српските најистакнати епидемиолози има некои други посебни таленти, имено д-р Кон не е само успешен епидемиолог, туку и одличен пејач.

Вака пее и свири познатиот српски епидемиолог КОН: Освен медицината ова е неговиот друг талент (видео)

Српскиот епидемиолог Предраг Кон секојдневно ја информира јавноста за состојбата...