
Забава
Излегување
Асиметричните здолништа визуелно ги истенчуваат и издолжуваат нозете. Не е ни чудо што токму тие се задолжителен дел од плакарот на многу жени.
На овој модел не одолеала ниту Северина. На отворањето на Designer Outlet во Ругвица, таа се појавила во асиметрично мини здолниште од францускиот дизајнер Симон Порт Жакмо, чии креации со задоволство ги носи и Бијонсе.
Северина го искомбинирала впечатливото црвено здолниште со црна блуза, проѕирна чанта од брендот Валентино и со сандали на Џанвито Роси со потпетици од 10 центиметри.
Изгледот визуелно го издолжила и со фризурата, односно со високо исплетената плетенка, а целата комбинација ја разиграла со ефективни обетки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.