Постои можност во следната школска година во учебниците да биде внесено новото уставно име Република Северна Македонија , но само доколку ставовите се усогласат на паритетна основа и доколку роковите за новата учебна година и наставните програми го овозможуваат тоа, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кој напомена дека сепак во моментов не може точно и прецизно да се каже.
„Комисиите работат со забрзано темпо, работат врз основа на паритет, го следат духот на Преспанскиот договор. Не постои притисок, но доколку нешто се усогласи и се усвои на паритетна основа и доколку роковите за новата учебна година и за наставните програми го дозволуваат тоа, таа можност останува отворена“, рече Бошњаковски.
Вклучување на новото име „Северна Македонија“ и во грчките учебници, најави заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис.
Во писмениот одговор на пратеничко прашање од опозициската “Нова демократија“, Боларис наведе дека, „Грција како земја членка, меѓу другото и на ООН, на ЕУ, УНЕСКО, Советот на Европа и ОБСЕ, цврсто ги почитува принципите на неупотреба на насилство во односите меѓу државите, принципите на добрососедство ,на неповредливост на границите и на избегнување на употреба на вербална омраза во пишувањето на учебниците што се користат во Грција“.
Копретседавачот на македонскиот дел од Комитетот, амбасадорот Виктор Габер во понеделникот истакна дека таа динамика треба да придонесе за да може многу поконкретно во следниот период да се премине на проучување на конкретни формулации во учебниците и тие да бидат адаптирани согласно Преспанскиот договор, а врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.