Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Коѕијас, со ставови кои до сега ги премолче, ФИРОМ мора да е Северна не за НАТО туку да избега од влијанието на Турција

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 12:39

Северна не е за НАТО, туку да се спаси Македонија од Турција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И “политички мртов”, Никос Коѕијас не може да престани да мисли за Северна и имплементирањето на Преспанскиот договор, кој сега е во рацете на неговата верна замена, Никола Димитров. 

Каков сосед сакаме, под влијание на Турција? Поделен меѓу Албанија и Бугарија? – се праша поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас за време на неговиот говор од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, осврнувајќи се на прашањето за името, преговорите и решението меѓу двете земји.

Коѕијас говореше на настан организиран од неговото Движење на идеи и активности Прато и ги опфати сите аспекти во грчката надворешна политика.

Сакаме најблискиот наш сосед да е под влијание, под контрола на трети сили како што е Турција? Сакаме, како што сакаат некои, распаѓање на една држава на Балканот, да ја дестабилизираме и да се подели оваа земја меѓу Бугарија и Албанија? Или сакаме да имаме стабилност на Балканот, стабилност на границата, развој на влијанието на нашата земја во регионот и да можеме да правиме сојузништво? – се запраша Коѕијас.

Говорејќи за односите и позициите на Русија, поранешниот шеф на грчката дипломатија рече дека решението на проблемот меѓу Македонија и Грција и промената на името не е за „Северна Македонија да влезе во НАТО“, туку затоа што тоа е решение на еден проблем и за Грција е од национален интерес.

Русија смета и не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО. Решението на името не се дава за да се интегрира ПЈРМ во НАТО. Премиерот многу внимателно го кажа она што го велиме во Министерството за надворешни работи и го повтори во саботата во неговата изјава, кога ја презеде функцијата, дека за нас е национален интерес ПЈРМ да го смени името, да се стабилизира и да се тргне од прегратката на Турција. Ако самите сакаат да влезат во НАТО тоа е нивно право. Русија се вмеша меѓу нашите национални интереси и она што го сака за НАТО. –  рече Коѕијас.

Во овој контекст, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, истакна дека во преговорите не треба да се дозволи вмешување на многу страни, бидејќи така нема да се најде решение

Јас му реков на Нимиц, на претставникот на ОН, ќе доаѓаш, кога ќе имаме проблем или кога ќе имаме решение на проблемот, кога ќе треба ОН да помогнат. – рече Коѕијас и додаде дека во преговорите за името, не дозволил на никој да се вмеша и да учествува освен него, министерот Димитров, премиерите на двете земји и експертите.

Како пример за тоа колку е важен ставот околу договорот од Преспа, во однос на тоа дали е добар или не, поранешниот шеф на грчката дипломатија го спомена Теодорос Карипидис, префектот на грчката област Западна Македонија. Пред четири години, движењето на Коѕијас, за разлика од СИРИЗА, ја поддржало кандидатурата на Карипидис за префект.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Турската полиција ја прекинува потрагата по новинарот и колумнист Џамал Кашоги, бидејќи се сомнева дека неговото тело е растопено со киселина

Колумнистот на угледниот Вашингтон Пост Џамал Кашоги, веројатно растопен со киселина

Полиција ја прекинува потрагата за телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги,...

Фил Наумоф, по потекло Македонец, од општински судија, вчера на изборите во САД избран за сојузен судија во државата Охајо за своето место, со огромна поддршка од заедницата

Македонецот Фил Наумоф избран за сојузен судија во САД

Во малото место Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо,...